Здравствени придобивки од мастурбирањето за мажите
Новото истражување на продавницата за возрасни AdamandEve.com открива дека 27% од Американците признаваат дека мастурбираат еднаш или двапати неделно. Иако бројката е изненадувачки ниска, бидејќи испитуваните се луѓе кои сурфале низ сајт за секс-играчки, да се владее со својата машкост има и низа здравствени придобивки.
„Мастурбирањето е дел од здравиот сексуален живот. Тоа е тотално безбедно и безопасно. Дури е поздраво од секојдневното миење на забите“ – изјавува д-р Глорија Брејм, клинички сексолог.
Исто како што секој ден треба да ги чистите вашите заби, така редовно треба да ги прочистувате и вашите „цевки“. Еве 5 причини зошто да се фатите за работа веднаш:
Спречува рак – Австралиска студија од 2003 покажува дека мажите кои ејакулирале повеќе од 5 пати неделно имале 3 пати помалку шанси да заболат од рак на простатата. „Токсините кои се предизвикувачи на болести се насобираат во урогениталниот тракт, така што со мастурбирањето се ослободувате од нив“, вели д-р Брејм.
Го зацврстува – Како што ќе стареете, природно ќе губите мускулна маса, дури и таму долу. Со редовен секс или мастурбација, вие ги вежбате карличните мускули со што спречувате еректилна дисфункционалност и неможност за воздржување. „Ви го одржува вашето висало под ‘жив’ агол“, вели Брејм. Целете на 3-5 пати неделно за солидни резултати.
Ви помага да издржувате подолго – Олеснувањето со помош на вашата рака ќе ви помогне во одржување на подолги сексуални сесии. „Доколку мастурбирате еден час пред вашиот состанок со девојка, ќе имате повеќе контрола“, вели Брејм. „Тренирајте се на тој начин што ќе мерите колку време ви треба за оргазам“, предлага д-р Ава Кадел, основач на сајтот loveologyuniversity.com. Ако ви требаат 2 минути кога тоа го правите сами, обидете се да достигнете 3 следниот пат. Или пак, бројте колку движења ви се потребни. Ако плискате после 50, целете на 60.
„Повеќето мажи можат да го удвојат бројот на замавнувања и времето за еден месец“ – вели Кадел.
Ви го подобрува имунитетот – „Ејакулирањето го зголемува нивото на хормонот кортизол“, вели Џенифер Ланда, специјалист за хормонална терапија. Кортизолот кој е познат по неговото влијание на стресот, всушност помага во регулирање и одржување на добриот имунитет кога е во мали количини. „Мастурбирањето може да ја создаде идеалната околина за зајакнат имунолошки систем“, додава таа.
Ви го подобрува расположението – Мастурбирањето испушта мноштво неврохемикалии кои прават да се чувствувате добро, како допаминот и окситоцинот, кои ви го подигнуваат расположението, ви го зголемуваат задоволството и го активираат системот за наградување во мозокот.
„Оргазмот е најголемиот ненаркотичен извор на допамин кој е достапен. Слика од скенирање на мозокот на некој кој доживува оргазам изгледа исто како на зависник од хероин“ – вели Брејм.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
treba da se organizira festival ili slicno za site zaedno na edno mesto da se druzime i oraspolozime hahaha :))