Здравствени придобивки од лененото семе и зошто е подобро да се консумира мелено?

Здравствени придобивки од лененото семе и зошто е подобро да се консумира мелено?

Кога последен пат консумиравте ленено семе? Дали знаевте дека лененото семе кое има вкус на орев е преполно со хранливи материи?

Здравствени придобивки од лененото семе и зошто е подобро да се консумира мелено?

Поради неговите чудесни својства, лененото семе го користеле и древните Египќани, Грците и Римјаните, а денес често се препорачува во исхраната на веганите и вегетаријанците.

Лененото семе е богато со:

  • Омега 3 масни киселини, поконкретно алфа-линолеинската киселина (АЛА), која ги намалува воспалителните процеси во телото, ги штити срцето и кардиоваскуларниот систем, а некои истражувања покажале дека го намалува и нивото на лошиот холестерол во крвта.
  • диетални влакна кои го намалуваат високиот крвен притисок и ја подобруваат работата на дигестивниот систем
  • протеини кои ги градат сите мускули во телото
  • витамин Б1, магнезиум, цинк и селен, кои го зајакнуваат имунитетот.

Експертите советуваат дека е подобро е да се консумира лененото семе во мелена форма бидејќи полесно се вари.

Како да консумирате ленено семе?

1. Се препорачува дневно да се консумира по 1 лажица мелено ленено семе. Можете да го додадете во утринската овесна каша, јогурт или смути.

2. Можете да го измешате со сенф, мајонез или друг сличен сос кога подготвувате сендвич или прелив за салата.

3. Можете да го посипете над тост со авокадо, но и при подготовка на различни видови леб и пецива.

4. Можете да користите ленено семе како замена за јајца кога печете десерти(Помешајте една лажица мелено ленено семе со три лажици вода и почекајте неколку минути смесата да се згусне ).

Откако прочитавте за здравствените придобивки од лененото семе, можеби ќе сакате да прочитате и зошто треба да џвакате семе од сусам секое утро.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар