„Здрави“ производи кои всушност нѐ дебелеат околу стомакот
Доколку сакаме да ги намалиме килограмите, нутриционистите постојано препорачуваат здрава и свежа храна на нашето мени. Но, постојат неколку производи за кои сметаме дека се здрави, а всушност со нивната консумација можеме да добиеме и некој килограм плус околу стомакот.
1. Житни плочки
Житните плочки, всушност, не се здрава замена за чоколадото. Англиските научници откриле дека т.н. енергетски плочки, поради своите лоши прехранбени вредности, влегуваат во ист ранг со чоколатцата. Често содржат многу шеќери, па затоа секогаш читајте што пишува на амбалажата.
2. Јогурт
Кога велиме јогурт, мислиме и на сите различни видови овошни и полномасни јогурти. Тие содржат многу шеќери, а поради големиот процент на лактоза во нив, може да предизвикаат оток и воспаление во дигестивниот тракт. Кога купувате јогурт, изберете некој без додадени шеќери или варијанта без лактоза.
3. Овошен сок
Постои голема разлика меѓу свежо цедениот сок и овошниот сок во тетрапак. Додека цедениот сок содржи само овошни шеќери, сокот кој го купувате содржи многу повеќе шеќер.
4. Сол
Со цел да добиеме подобар вкус, солта е неминовен дел од готвењето. Но, внесот на премногу сол го крева крвниот притисок и предизвикува акумулација на вода во телото, нешто што резултира со неколку килограми вишок на вагата. Па затоа, доколку сакате да ослабнете, избегнувајте ги јадењата кои се премногу солени.
Дознајте ги и причините зошто не можете да ослабите.