Здрави напитоци кои ги регулираат хормоните на природен начин
Хормоните имаат огромно влијание врз општото здравје на сите луѓе, особено на жените, почнувајќи од менструалниот циклус до здравствени проблеми како што се полицистични јајници, хипотироидизам, неплодност, предвремена менопауза и ендометриоза. Сепак, она што е важно да се знае е дека исхраната може да биде моќна алатка за воспоставување на хормоналната нерамнотежа и решавање на многу здравствени проблеми.
Хормоните кои вообичаено први стануваат неурамнотежени се хормоните на стресот и шеќерот во крвта – кортизолот и инсулинот. Симптомите на хормоналната нерамнотежа може да вклучуваат зголемување на телесната тежина, депресија, замор, несоница, ниско либидо, неплодност и губење на косата.
Имајќи го ова на ум, многу е важно да се знае дека намирниците како леб, тестенини и крекери направени од бело брашно може да предизвикаат ненадејни скокови на шеќерот во крвта, а со тоа да го нарушат лачењето на инсулин, што влијае на општа состојба на организмот и предизвикува многубројни здравствени проблеми. Затоа, обидете се да внесувате повеќе јаглехидрати кои се богати со влакна, како житарки, мешунки, па дури и овошје и зеленчук, заедно со протеини и здрави масти како авокадото, кои можат да го урамнотежат нивото на шеќерот во крвта.
Меѓутоа, покрај самата храна, одредени пијалаци, кои особено им се препорачуваат на жените, можат да помогнат во регулацијата на хормоните и ендокриниот систем. Тие се лесни се за подготовка и многу вкусни, а го подобруваат и здравјето.
Топла вода со лимон
Топлата вода со лимон придонесува за слабеење, ги отстранува токсините од телото, го подобрува имунитетот, состојбата на кожата и варењето. Причината за тоа е што лимонот влијае на хормонот на ситост – лептин. Ако лептинот не е во рамнотежа, телото почнува да таложи масни наслаги. Лимонот помага да се спречи дехидрацијата и го подобрува варењето. Тој содржи и витамин Ц за кој е докажано дека го подобрува здравјето на кожата, ја зголемува енергијата и го подобрува имунитетот. Сокот помага и за чистење на црниот дроб, го поддржува доброто варење и има антибактериски својства. Доволно е да исцедите половина лимон во чаша топла вода. Промешајте и тоа е тоа! За најдобри резултати, консумирајте го овој напиток веднаш штом ќе се разбудите и уште 1-2 пати во текот на денот.
Чај од листови од малина
Листовите од малина се користат уште од античко време за зајакнување на мускулите на матката, а постојат научни докази кои го поткрепуваат тврдењето дека растението може силно да влијае на хормоните. Жените кои го пијат овој чај за време на бременоста немаат никакви проблеми при породувањето. Освен тоа, листот од малина е растение со танини кои благотворно делуваат на матката и помагаат во ублажување на менструалните грчеви. Рецептот е исто така едноставен: Една лажица листови од малина (може да бидат исушени) се прелива со 200 мл врела вода и се остава да отстои 10 минути. Пијте го овој чај во текот на денот, но избегнувајте да го консумирате пред спиење.
Златно млеко
Златното млеко го зајакнува имунолошкиот систем и го регулира нивото на хормоните во организмот. Овој пијалок загрева, освежува и смирува. Се состои од куркума, која е позната како моќен антиоксиданс, кокосово масло и засладувачи, кои формираат корисна комбинација за регулирање на хормоните и генерално благотворно делуваат на организмот. Ајурведата смета дека куркумата е активен зачин кој ја подобрува циркулацијата и метаболизмот на естрогенот. Таа се состои од антиоксиданси кои се борат против оштетувањето на клетките, го намалуваат нивото на стрес и воспалението во телото. Тие исто така го стимулираат производството на серотонин и допамин кои можат да ви помогнат да се борите против несоницата и да спиете подобро.
За да подготвите златно млеко, потребни ви се:
- ¼ шолја куркума
- прстофат црн бибер
- цимет, каранфилче, морско оревче анасон и мед (или кој било друг засладувач)
- кокосово масло
- кравјо, бадемово или кокосово млеко
Прво истурете го млекото во тенџере и загрејте го на средна температура. Потоа додадете куркума, бибер и избраниот засладувач и оставете да се вари 10 минути. Пијте чај од куркума еднаш дневно – наутро, или непосредно пред спиење.
Откако прочитавте кои напитоци можат ви помогнат да воспоставите хормонална рамнотежа, можеби ќе сакате да прочитате и кои 9 знаци укажуваат на хормонална нерамнотежа.
Извор: citymagazine.danas.rs