Здрава пролетна чорба, одлична за вашиот имунитет
Чорбите се едни од најздравите оброци за нашето тело затоа што содржат дополнителни течности и дневна доза на растителни влакна, витамини, минерали и здрави масти. Во продолжение погледнете како да ја подготвите оваа пролетна чорба со пилешко месо.
Потребни состојки:
- 1 килограм бело пилешко месо
- 600 милилитри пилешка супа
- 1 конзерва црвен грав од 400 грама
- 300 грама пченка (може и замрзната)
- 200 грама свежи пиперки
- 2 главици црвен кромид
- 1 чешне лук
- 2 лажици мед
- 2 лажички сол
- половина лажичка суви мелени пиперки
- половина лажичка мелен црн пипер
- 1 лажичка суви мешани зачини
Начин на подготовка:
Исечете ги пилешкото месо на парчиња со големина на еден залак. Исечете ги свежите пиперки, лукот и црвениот кромид на мали коцки и извадете го гравчето од конзервата и оставете го да се исцеди. Ставете ги сите состојки што ги исечкавте во тенџере и ставете ги на тивок оган, претходно истурете ја супата и сите останати состојки и промешајте додека не се соединат. Потоа поклопете го тенџерето и оставете ја чорбата да се вари неколку часа. На тивок оган, намирниците ќе се зготват добро и ќе го зачуваат својот квалитет. Ќе добиете здрава пролетна чорба, одлична за зајакнување на вашиот имунитет и за намалување на вишокот килограми по обилните зимски оброци.
Чорбата послужете ја со исечкан магдонос или со павлака, по желба. Можете да додадете аспарагус, печурки или лиснат зеленчук.
Погледнете како да подготвите њоки во бел сос што се готови 30 минути.