7 совети за економичен и здрав живот

Здрав живот со ограничен буџет

Автор: Софија Сионова

Како деца, животот ни беше многу полесен. Родителите готвеа и плаќаа сметки за ние да имаме безгрижно детство. Поради големата активност на телото, метаболизмот ни беше брз и немавме проблем со килограмите. Неколку години подоцна, безгрижниот живот се претвори во учење и работење по цели денови и многу малку движење, а исто така се појави недостиг на време за здраво готвење и грижа за телото. Потоа, се зголемија и трошоците што ни остави многу мал простор да се посветиме на себеси. Но, секогаш мора да најдете време за правилна исхрана и малку вежбање, па макар тоа да биде и со мал буџет.

2-7-soveti-za-ekonomicen-i-zdrav-zivot-kafepauza.mk

1. Однапред планирајте

Одлуката да започнете да се храните здраво треба да ја донесете уште пред да стапнете во продавница. Дури иако самата помисла на употреба на планер ви е одвратна, сепак тој може само да ви помогне. Еве како да се организирате:

Планирајте ги оброците однапред за да не трошите време и пари при купување. Ако знаете што ќе јадете таа недела, купете ги точно тие продукти.

Направете список и држете се до него. Никако не купувајте нешто што не е на списокот и внимавајте на свежината на храната. Држете се до делот во кој има само свежи продукти. Колку посвежо – толку поздраво.

Јадете пред да излезете да купувате. Во ниеден случај не одете гладни. Никогаш.

2. Купувајте продукти за време на нивната сезона

Иако ова бара малку креативност поради лимитираниот избор на состојки, купувањето на намирници кои созреваат во одредена сезона е најубаво бидејќи тогаш се свежи и здрави.

3. Бидете паметен купувач

Органско или неорганско? Ова е многу популарна тема која покренува многу прашања, дилеми и дискусии. Ако сакате да се храните органски, но вашиот паричник не ви дозволува, не грижете се. Јадењето на неоргански производи е сепак поздраво од индустриските производи.

4. Зачленете се во фитнес клуб

Вежбањето со други луѓе ќе ви ја зголеми мотивацијата, желбата за работа и ќе најдете многу истомисленици. Ако сами не можете да најдете фитнес центар кој соодветствува на вашите потреби, тогаш прашајте го Гугл. Напишете го името на градот и омилениот начин на вежбање, а тој ќе ви ја даде локацијата.

5. Шетајте

Од езера и мориња, до паркови и плажи, постојат многу убави локации кои можете да ги искористите за тренинг и плус да го впиете Д витаминот од сонцето. Тоа може да биде преку пливање, трчање, пешачење или возење велосипед. Ова се одлични начини како да останете во добра форма, а да не потрошите ни денар.

6. Наспијте се

Неколку часови квалитетен сон го регулираат вашиот апетит така што ќе можете да престанете да јадете кога ќе почувствувате ситост и плус ќе правите подобар избор на храна во текот на денот. Исто така ќе правите подобри одлуки поврзани со вежбањето и ги намалувате шансите за повреди при тренинг. И најважно, вежбањето е пријател на вашиот буџет. Помалку спиење е еднакво на поголеми потреби од кофеин, а тоа е еднакво на повеќе потрошени пари.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар