Здрав појадок со колачиња од банана и овесни снегулки
Наутро кога сте во брзање и немате многу време, можеби ќе паднете во искушение да купите колач или нешто лиснато од блиската пекара или целосно да го прескокнете појадокот. Ако на тоа додадете уште и вкусен, но калоричен пијалак, ќе завршите со појадок од 900 калории. Со овие колачи за кои не треба ни путер ни брашно, ќе си дозволите да појадувате десерт, без здравствени последици. Направете ја смесата уште во недела кога сте слободни и ќе имате за цела седмица. За 25 минути ќе имате точно 25 колачиња.
Потребни состојки:
- 260 грама овесни снегулки
- 3/4 лажичка сол
- 2 лажички цимет
- 130 грама путер од ореви
- 2 зрели банани
- 50 милилитри мед или сок од агаве
- 60 грама исечкани ореви, чоколадо или кокос (по избор)
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови. Измешајте ги сите состојки во длабок сад. Со лажица ставете ја смесата во тепсија. Оставете да се пече 15-тина минути додека не добие светло кафеава боја.