Здрав и брз десерт: Слатки мафини од само 4 состојки

Здрав и брз десерт: Слатки мафини од само 4 состојки

Доколку немате идеја што да направите денес како десерт, тогаш одлучете се за овие мафини од боровинки за чија подготовка ви се потребни само 20 минути

Здрав и брз десерт: Слатки мафини од само 4 состојки

Потребни состојки:
  • 750 грама овесни снегулки
  • 60 милилитри бадемово или кравјо млеко
  • 5 банани
  • 250 грама боровинки
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во блендер ставете ги сите четири состојки и измешајте ги на средна брзина додека не добиете густа и кремаста маса. Внимавајте процесот на блендирање да не трае предолго. Добиената маса наполнете ја во претходно премачкан калап и печете 18-20 минути. Со чепкалка за заби можете да проверите дали мафините се готови. Ако тестото не се лепи на неа, тие се готови. Во спротивно, почекајте уште 1 до 2 минути.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар