Здолништата ќе доминираат на модната сцена во текот на летото: Кој модел е најдобар за вашата градба?
Фармерките и панталоните генерално нема да бидат многу актуелни во текот на летната сезона. На нивно место доаѓаат здолништата во сите форми и модели. За да го изберете најдоброто здолниште, погледнете кој модел е вистинскиот за вас според вашата градба. Со вистинскиот избор, ќе ги потенцирате најубавите делови на телото и ќе ги скриете сите недостатоци.
1. Ако имате тело во форма на обратен триаголник
View this post on Instagram
Оваа градба се карактеризира со пошироки рамена и потесни колкови. Модните експерти велат дека во овој случај најдобро е да изберете пократки здолништа со висок струк за да ги нагласите витките нозе и да го балансирате изгледот на горниот и на долниот дел од телото.
Моделите со карнери на долниот дел од здолништето ќе ги истакнат нозете.
2. Ако имате тело во форма на триаголник
View this post on Instagram
Оваа градба се карактеризира со пошироки колкови и тесна половина, а најдобриот избор се здолништата со А-крој со должина до колената. На овој начин, визуелно ќе го намалите волуменот на колковите.
3. Ако имате тело во форма на правоаголник
View this post on Instagram
Жените што имаат ваква градба немаат изразени облини и се многу витки, па ним им одговараат мини здолништа кои ќе го стават фокусот на нозете.
Погледнете како да го носите цветниот принт кој ќе доминира на модната сцена во текот на оваа сезона.