Зборовите „Те сакам“ не се доволни за да опстои љубовта

Зборовите „Те сакам“ не се доволни за да опстои љубовта

Вашиот партнер ви кажал дека ве сака. Ви кажал дека посакува засекогаш да останете заедно и дека не може да си го замисли животот без вас. Но, ако некој вистински сака, тогаш ќе може тоа и да го покаже. Секоја негова постапка ќе вели „Те сакам“, а тој нема ни да мора да ги изговори тие зборови на глас. Вие ќе знаете.

Зборовите „Те сакам“ не се доволни за да опстои љубовта

Зборовите „Те сакам“ не се доволни за да опстои љубовта. Љубовта вреди многу повеќе од едни обични звуци во говорна форма што го исполнуваат воздухот. Секако дека прекрасно е да се слушнат тие магични два збора. Прекрасно е чувството кога знаете дека некој се грижи за вас и ве цени.

Но, проблемот е што многу луѓе не го разбираат вистинското значење на љубовните зборови и ги користат ноншалантно. Токму затоа не би требало да бидете наивни и никако не би требало да поверувате во нив додека тие не бидат поддржани со дела.

На крајот на краиштата, зборовите се само зборови без оглед на тоа колку се чисти и искрени. Неговата љубов треба да е видлива од начинот на кој ве бакнува, од начинот на кој ве прегрнува и од начинот на кој ве држи за рака. Љубовта е во малите нешта. Љубовта е во начинот на кој ќе ви се насмевне кога ќе се разбудите. Во начинот на кој се карате и смирувате. Во начинот на кој ве чува и штити од секое зло. Во начинот на кој ве држи за рака додека вечерате. Во начинот на кој ви става вино во чашата. Во начинот на кој го изговара вашето име.

Верувајте дека не ви се потребни илјадници „Те сакам“. Нема потреба да го слушате тоа секој ден. Треба само да верувате дека се вистински. А тоа ќе можете да го препознаете од неговата посебна насмевка што ја чува само за вас и од неговите слатки бакнежи. Дали губите чувство за време кога лежите заедно и не правите ништо посебно, а не сте ни свесни дека поминале со часови? Дали се смеете најгласно на целиот свет кога ќе ви каже некоја глупава шега? Тоа е љубов.

Волшебно е да се чујат зборовите „Те сакам“. Но, доколку знаете дека некој ве сака без да мора да ви го каже тоа, тука лежи суштината на вистинската љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Анѓела Reply

    Кои 3 збора? Те сакам? I love you? Кои?

    • Марија Лукаревска Reply

      Упс 🙂 Поправено е, благодариме на забелешката.

Остави коментар