Зборови кои треба да им ги кажете на вашите родители уште денес, бидејќи утре може да биде предоцна
И кога ќе ги нема, тие секогаш ќе бидат со вас. Често треба да се потсетуваме на тоа. Можеби тие нема да бидат присутни физички, но засекогаш ќе продолжат да живеат во вашето срце. Често на родителите не им го кажуваме сето она што го сакаме. А еден ден, може да биде предоцна за тоа. Затоа ги собравме сите оние вистини кои нашите мајки и татковци ги заслужуваат да ги знаат пред да ги нема.
1. „Мислам на вас секојдневно“
Дури и кога имам премногу обврски и кога денот ми е хаотичен, секогаш сте ми некаде во мислите. Можеби понекогаш изгледа дека не се обидувам доволно за да го одржувам контактот со вас, но секогаш мислам на вас.
2. „Навистина ценам сѐ што сте направиле за мене“
Не го кажувам тоа доволно често, но навистина сум благодарен/благодарна за сето она што сте го направиле за мене. Ниту најмалите ситници не поминал незабележано и во себе никогаш не заборавам да кажам благодарам за тоа, и тогаш кога не ви го кажувам гласно и вам. Го ценам секој ваш чин на добрина, затоа што знам дека ме сакате повеќе од сѐ на светот.
3. „Ве сакам вас повеќе од сѐ на светот“
Среќен/среќна сум што сте тука за мене и што ги поддржувате моите одлуки и желби. И кога повеќе нема да сте тука, ќе имам сила за да продолжам понатаму токму заради вас. Ве сакам и никогаш немојте да го заборавите тоа.
4. „Знам колку многу сте жртвувале за вашите деца“
И знам дека тие жртви понекогаш биле многу тешки. Да имате деца значи и да ги ставите пред себе, да ги ставите потребите на детето пред своите и секогаш да донесувате одлуки врз основа на она што е најдобро за детето. Ве молам, немојте никогаш да се сомневате во тоа дека не го ценам сето она од кое сте се откажале за јас да имам подобар живот.
5. „Јас сум подобра личност, бидејќи ве имам вас двајцата за родители“
Ви се заблагодарувам за тоа што сум личност каква што сум: со силна волја и страсна. Вие двајцата сте сила на која можам да сметам и ја обожавам вашата добрина, страст и сочувство. Ме научивте како да сакам, како да се борам и како да верувам во себе. Да добиев други родители, денес не би била личноста која сум. Но, сакам да знаете колку ве ценам и како луѓе, како граѓани на светот. Вие сте луѓе на кои најмногу се огледувам. Вие сте мои духовни водачи и херои.
6. „Ми недостигате“
Тоа што сме разделени понекогаш ме боли и ме прави тажна. Тоа што живееме оддалечени едни од други нема врска со тоа колку ве сакам. Постојано ми недостига мојот дом и понекогаш размислувам за тоа како би изгледал мојот живот доколку живеев поблиску до дома. Ми недостигате, но исто така разбирам дека сакате да ги следам своите соништа и да создадам свој живот.
7. „Имам лоши соништа за тоа дека ќе ве изгубам“
Знам дека морам да се соочам со реалноста и дека нема да бидете тука засекогаш и дека еден ден ќе мора да живеам без вас. Кога вас двајца нема да ве има, знам дека детето кое сте го изгледале ќе биде доволно силно за да продолжи понатаму, но никогаш нема да биде истата личност. И важно ми е да го знаете тоа.
8. „Тоа нема да биде збогум, туку само се гледаме подоцна“
И кога повеќе нема да ве има, секогаш ќе бидете со мене. Често треба да се потсетувам на тоа. Можеби нема да бидете присутни физички, но ќе продолжете да живеете во моето срце. Сакам засекогаш да се сеќавам и на најмалите работи и секогаш во себе да имам дел од вас. Тоа ќе биде блага утеха, бидејќи кога ќе ги изгубиме оние кои ги сакаме, тие всушност никогаш не си заминуваат.
Сето она што досега сте го постигнале им го должите на вашите родители, заради нив вие денес сте личноста која сте, а овие знаци покажуваат дека вашите родители многу добро ве воспитале.