Збогувајте се со седите влакна: Домашен рецепт од една состојка кој ќе ја врати природната боја на вашата коса
Можеби седата коса е првата асоцијација за старост, но таа всушност и нема толку голема поврзаност со годините. Сведоци сме за тоа дека и многу млади луѓе патат од преголем број седи влакна, па затоа ја бојадисуваат својата коса. Но, жените знаат колку бојадисувањето може да ја уништи косата, како и колку постојаната нега и одењето кај фризер може да ги испразни џебовите.
Дали и колку седи влакна имате зависи од повеќе фактори, а најнапред од генетиката. Доколку вашите родители добиле седа коса на помлади години, тогаш постои голема веројатност дека и вие ќе го доживеете истото. Сепак, главниот фактор за прераната појава на седи влакна е стресот, брзото темпо на живот и недоволниот сон. Исто така, лошиот избор на храна може да ја зголеми веројатноста за појава на седи влакна, бидејќи телото едноставно не е доволно здраво и не добива доволен број хранливи состојки.
Оваа листа ја надополнува и стареењето. Со текот на годините нашиот организам не произведува доволно меланин и косата пополека започнува да станува сребреникава. Бојадисувањето може да делува како единствено логично решение за да излезете на крај со седите влакна, но не е секогаш идеално решение. Доколку ја сакате својата боја на коса или пак доколку сметате дека сте премногу млади за да започнете да ја бојадисувате, тогаш најверојатно се обидувате на некој начин да ја избегнете фарбата.
За ваша среќа, сепак постои решение, а доаѓа од природата. Клучот лежи во една состојка – кокосово масло. Но, кокосовото масло не само што ќе ја врати природната боја на косата (секако, тоа не е севозможно и најдобро ќе им помогне на жените со помал број седи влакна), туку и потполно ќе го прероди влакното. Тоа ќе ја направи косата јака, цврста и блескава.
Како да го искористите кокосовото масло против седите влакна?
Загрејте три лажички органско кокосово масло во мал сад околу 20-тина секунди во микробранова печка или на пареа. Погрижете се дека маслото не е претопло, па нанесете го на коренот од косата и протријте го надолу кон крајот на влакното. Потоа замотајте ја косата во пешкир или стара памучна блуза и почекајте најмалку 20 минути за фоликулите на влакното да го впијат маслото. Исплакнете со топла вода, а потоа измијте ја косата на вообичаениот начин.
Оваа постапка мора да ја повторувате секојдневно за таа да даде резултати!
Доколку имате време, подобро решение е да преспиете со кокосово масло нанесено во косата. Утредента измијте ја косата и ќе забележите колку таа е сјајна и „преродена“.