Неколку маски за лице што ќе ви го решат проблемот со мрсната кожа
Ќе се сложите дека, кога прв пат се сретнуваме и се запознаваме со некого, нашето внимание најпрво го насочуваме на неговото/нејзиното лице. Ја забележуваме секоја предност, но и секој недостаток, акна, лузна, па и убавиот изглед на кожата, очите, усните. Секако, забележуваме и дека некој има проблематична кожа. Меѓутоа, она што е многу поважно од тоа дали некој ќе ја забележи нашата кожа е токму нашиот однос спрема неа.
Едноставно, не смеете да си дозволите да ја запуштите и да не обрнувате внимание на кожата на лицето, особено ако таа е премногу масна. Освен тоа што не изгледа убаво, масната кожа може да предизвика и бројни непријатни последици, кои порано или подоцна ќе започнат да ви сметаат. Доколку и вие имате премногу масна кожа, тогаш ви откриваме неколку маски за лице што можете да ги направите сами, а кои дефинитивно ќе ви помогнат да се „решите“ од масната кожа.
1. Маска со краставица и глина
Станува збор за маска за лице која многу едноставно се прави, а состојките кои се потребни веќе ги имате во својот дом. Идеална е за масен, но и комбиниран тип кожа, додека резултатите кои доаѓаат со неа се навистина неверојатни. Кои состојки ви се потребни? Една лажичка сок од краставица, една белка од јајце, неколку капки лимонов сок и половина лажичка глина. Откако ќе ги измешате сите овие состојки и ќе ги соедините, нанесете ја сместа на лицето и оставете ја да стои околу 10-20 минути, а потоа измијте ја. Резултатите ќе ги забележите уште по првото користење.
2. Маска за лице од банана
Најдобрата работа кај оваа маска е тоа што таа ја отстранува целата маснотија од вашата кожа, а притоа да не ја суши. Уште подобро е тоа што сите потребни состојки сигурно ги имате во вашата кујна. Потребни ви се: Една банана, една лажичка мед и неколку капки лимонов сок. За да ја направите оваа маска, најнапред добро изгмечете ја бананата, а потоа измешајте ја заедно со медот. Додајте неколку капки лимонов сок и мешајте ја смесата додека не се соедини. Откако ќе ја направите, маската нанесете ја на лицето и оставете ја да стои 15 минути. После тоа, само измијте го лицето со вода и повеќе не мора да се грижите.
3. Маска од белка од јајце
Доколку трагате по наједноставниот начин да се решите од масната кожа, тогаш оваа маска е вистинскиот избор за вас. Се состои од само две состојки кои ќе ви помогнат брзо и ефикасно да се справите со масната кожа. Потребна ви е една белка од јајце, која ќе ја матите сѐ додека не стане пенлива, а потоа во таа смеса ќе додадете сок од половина лимон. Откако ќе завршите со смесата, масирајте го вашето лице со неа, а потоа оставете ја да стои на вашето лице околу 30 минути. Измијте ја маската и уживајте во нејзините резултати.
4. Маска со портокал и алое вера
Состојките што се наоѓаат во портокалот се исклучително хранливи за нашата кожа, додека за благодатите на алое верата е потполно севишно да се зборува. Затоа, за да ја направите оваа маска, помешајте една лажичка свежо цеден сок од портокал и една лажичка алое вера. Кога добро ќе ги соедините овие две состојки, нанесете ги на лицето, оставете ја маската да се исуши околу 15 минути, а потоа измијте ја од лицето.
5. Јагоди на лицето
Иако јагодите не се честа состојка во маските за лице, тие се одлични во борбата против масната кожа. За оваа маска потребно е да издвоите 6 јагоди, 3 лажички мед, две белки од јајце и една лажичка сок од лимон. Најнапред изматете ги јагодите, а потоа додајте го лимоновиот сок, медот и белките. Откако смесата добро ќе се измеша, нанесете ја на лицето, почекајте да потстои 10 минути, а потоа измијте го лицето.
6. Маска со кајсии и јогурт
Оваа маска е идеална за превенција, но и за негување на масната кожа на лицето. Потребно е да имате една кајсија, лажичка јогурт и пола лажичка глина. Најнапред излупете ја кајсијата и иситнете ја, а потоа додадете го јогуртот и глината и матете ги сè додека смесата не се соедини. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја да стои 20 минути. Откако ќе се исуши, измијте ја со ладна вода и уживајте во постигнатите резултати.
7. Вегетаријанска чоколадна маска
Освен тоа што мириса фантастично, оваа вегетаријанска маска постигнува и фантастични резултати. Внимавајте само да не ја изедете! Значи, потребни ви се: Една лажичка незасладено какао, 3 лажички глина и неколку капки полномасно кокосово млеко. Откако сите овие состојки ќе ги ставите во некој мал сад, добро измешајте ги, а потоа маската ставете ја на лицето и оставете ја да стои 20 минути. Откако ќе се исуши, измијте ја и ќе забележете одлични резултати.