Завртете нов лист: Бјути промени во новата година кои мора да ги направите уште денес!

Завртете нов лист: Бјути промени во новата година кои мора да ги направите уште денес!

Новата година е време за промени, особено за оние во врска со својот изглед, нега и убавина. Се чувствувате дека во минатата година западнавте во рутина од која ви е тешко да се извлечете? Овие бјути промени ќе ви помогнат да се почувствувате како нови.

1-zavrtete-nov-list-bjuti-promeni-vo-novata-godina-koi-mora-da-gi-donesete-ushte-denes-www.kafepauza.mk_

1. Вложете пари во апаратите за разубавување

Во оваа година немојте да се одлучите за најевтиниот фен, фигаро или преса, туку одвојте поголема сума пари и инвестирајте во квалитетни стилизатори за коса. Тие не само што ќе ви траат подолго, туку и ќе ви овозможат подобри резултати.

2-zavrtete-nov-list-bjuti-promeni-vo-novata-godina-koi-mora-da-gi-donesete-ushte-denes-www.kafepauza.mk_

2. Совладајте го нанесувањето ајлајнер

Нанесувањето на моливчето за очи не е лесно, но и како секоја вештина, така и оваа бара многу вежбање. Послужете се со триковите како што се лепење на леплива лента или претходно исцртување на точки кои потоа ќе ги поврзете… И запомнете, само со вежбање може да се стигне до совршенство!

3-zavrtete-nov-list-bjuti-promeni-vo-novata-godina-koi-mora-da-gi-donesete-ushte-denes-www.kafepauza.mk_

3. Променете го патецот

Доколку сакате да го промените изгледот, а сè уште не сте спремни за драстична промена на вашата фризура, преместувањето на патецот на спротивната страна од вообичаената ќе ви овозможи да изгледате потполно различно без никаков труд.

4-zavrtete-nov-list-bjuti-promeni-vo-novata-godina-koi-mora-da-gi-donesete-ushte-denes-www.kafepauza.mk_

4. Избришете ја шминката пред спиење

До ова би требало секогаш да се придржувате, но доколку сè уште не сте доволно дисциплинарни, новата година е вистинското време за внесување нови рутини. Имајте на ум дека спиењето со шминка може да предизвика акни, сува кожа и затнати пори.

5-zavrtete-nov-list-bjuti-promeni-vo-novata-godina-koi-mora-da-gi-donesete-ushte-denes-www.kafepauza.mk_

5. Редовно пострижувајте се

Би требало да се пострижувате 3 до 4 пати во годината, но и почесто доколку косата ви е склона на оштетување. Кога одите на фризер, секогаш прашувајте кога би требало да одите повторно и запишете го тој датум во календарот.

6-zavrtete-nov-list-bjuti-promeni-vo-novata-godina-koi-mora-da-gi-donesete-ushte-denes-www.kafepauza.mk_

6. Исчистете ги четките за шминка

Ова би требало да го правите на секои две недели, но и почесто доколку се шминкате секојдневно. Тие најдобро можат да бидат исчистени со масло за отстранување на шминка и едноставно плакнење под млаз вода. После тоа, ставете ги четките на хартија и оставете ги да се исушат.

7-zavrtete-nov-list-bjuti-promeni-vo-novata-godina-koi-mora-da-gi-donesete-ushte-denes-www.kafepauza.mk_

7. Испробајте нова боја на кармин

Иако ви се чини дека сте ја пронашле идеалната боја на кармин за себе, сепак на пазарот постојат толку многу различни нијанси кои би требало да ги испробате, а можеби ви стојат подеднакво добро, некои дури и подобро. Не колебајте се да си поиграте со боите и со ускладувањето на карминот со остатокот од шминката.

8-zavrtete-nov-list-bjuti-promeni-vo-novata-godina-koi-mora-da-gi-donesete-ushte-denes-www.kafepauza.mk_

8. Средете ја козметиката

Во продавниците можете да пронајдете различни „организатори“ за шминка, но можете и самите да ги распределите своите омилени производи во различни тегли и кутии.

9-zavrtete-nov-list-bjuti-promeni-vo-novata-godina-koi-mora-da-gi-donesete-ushte-denes-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар