Затегнете ја кожата по природен пат со помош на овие чудни вежби за лице
Потребно е 10-минутно секојдневно вежбање на мускулите на лицето, за тие да го пополнат целиот простор под кожата, бидејќи на тој начин природно ја затегнуваат и го поттикнуваат создавањето на колаген. Ефектот е уште подобар доколку вежбите се комбинираат со масажа. На личностите кои се помлади од 17 години не им се препорачуваат вежбите за лице, а постарите треба да ги прават секојдневно. Доколку сте на диета, задолжително започнете со вежбање на лицето, бидејќи истопените килограми ќе ѝ ласкаат на вашата фигура, но не и на вашето лице. Вежбите за лице вклучуваат и вежби за врат, бидејќи и на него се забележуваат брчки и последици од слабеењето.
1. Едноставни движења со вртење и свиткување на усните, носот, јаболкниците, ги тонираат длабоките слоеви на епидермот и на тој начин ги ангажираат мускулите и го затегнуваат лицето и вратот. Започнете од вратот!
2. Вежбите правете ги пред огледало. Застанете право и држете ја главата во стабилна положба и свиткувајте ги усните надолу. Направете 5 серии по 8 гримаси кои наликуваат на тажен емотикон. Затегнете ја брадата. Спуштајте ја и подигнувајте ја колку што можете. Повторете го ова движење десет пати.
3. Вежба за носот и усните. Изговарајте ја долго буквата О, исто како да пеете, или како да изговарате ОМ. Ќе почувствувате како се ангажираат мускулите на брадата, усните и носот. Повторете ја оваа вежба 5 пати.
4. Подигнете ги образите со проѕевање. Проѕевнете се полека и силно, отворајќи ја усната колку што можете. Повторете го ова 5 пати.
5. Гимнастика за усни. Соберете ги усните како да сакате да бакнете некого, и истегнете ги. Пратете си го овој голем бакнеж себеси преку огледалото 8 пати.
6. Гримаси за пеглање на брчките под носот. Стиснете ги усните и забите, а потоа движете ја устата на сите страни. Горе, доле, лево, десно. Ова треба да го правите 1 минута.
7. Вежби за очите и капаците. Трепнете 20 пати, но не заборавајте да броите. Затворајте и отворајте ги очите броејќи до 10.
8. За мазно чело. 5 пати наизменично намуртете се како да сте лути, а потоа веднаш подигнете ги веѓите како да сте среќно изненадени. Кога ќе завршите со вежбањето, опуштете ги мускулите на лицето и дишете длабоко во текот на следната минута.
9. За борба против подбрадокот вклучете масажа на вратот и подбрадокот, за која се препорачува масло од шипка. Намачкајте го вратот со еден слој масло, поставате ги рацете како крила од пеперутка и тријте со нив одозгора надолу.
Воведете ја оваа чудна гимнастика на лицето и вратот во вашата секојдневна утринска рутина и правете ја пред огледало. Така најбрзо ќе забележите кога вежбите ќе започнат да даваат резултати. Бидете упорни!