Заспивате со шминка на очите? Овие супермодели имаат да ви кажат нешто во врска со оваа навика!

Заспивате со шминка на очите? Овие супермодели имаат да ви кажат нешто во врска со оваа навика!

Поголемиот дел од моделите ќе ви кажат дека најдобриот трик за убавина кој можат да ви го дадат е тоа дека секогаш, ама баш секогаш пред спиење треба да ја отстраните шминката. Тоа е она што ги прави нивните лица беспрекорно свежи, иако навистина многу патуваат, а понекогаш на фотосесиите остануваат многу подолго отколку што е едно вообичаено работно време, во што спаѓа и недоволната количина на сон. Сепак сивилото на нивните лица, отечените капаци и длабоките виолетови подочници не се видливи. Па така, на нас обичните смртници ни е навистина тешко да поверуваме дека тие изгледаат свежо само затоа што едноставно темелно и редовно ја отстрануваат шминката. И излезе дека сепак сме биле во право.

1-zaspivate-so-shminka-na-ochite-ovie-supermodeli-imaat-da-vi-kazhat-neshto-vo-vrska-so-ovaa-navika-www.kafepauza.mk_

Конечно неколку девојки се одлучија искрено да зборуваат за своите трикови и верувале или не тие подразбираат, доста нередовно отстранување на шминката.

2-zaspivate-so-shminka-na-ochite-ovie-supermodeli-imaat-da-vi-kazhat-neshto-vo-vrska-so-ovaa-navika-www.kafepauza.mk_

Манекенката и моделот Еди Кембел, која со своите 25 години два пати се најде на насловната на Вог, додека на Модната недела редовно носи колекции од водечките модни брендови, вели дека никогаш не заборава на најстариот трик за убавина.

„Спијте со шминка на очите. Наутро ќе изгледате убаво, иако можеби не сте „уловиле“ доволно сон. Но, имајте на ум дека ова важи само за шминката на очите, не ѝ за онаа на остатокот од лицето, особено не кога е во прашање течната пудра.“

3-zaspivate-so-shminka-na-ochite-ovie-supermodeli-imaat-da-vi-kazhat-neshto-vo-vrska-so-ovaa-navika-www.kafepauza.mk_

Колку и да е убавата Џоан Смолс посветена на чистењето на кожата и одржувањето на истата свежа, честопати вечерната шминка ја комбинира со утринската.

„Честопати преспивам со вечерната шминка на очите, а наутро само ја поправам. Ми се допаѓа кога сè заедно се вклопува.“

4-zaspivate-so-shminka-na-ochite-ovie-supermodeli-imaat-da-vi-kazhat-neshto-vo-vrska-so-ovaa-navika-www.kafepauza.mk_

Додека можеби најголемото изненадување во аргументирањето на овој трик за убавина стигнува од светски познатата убавица, Андријана Лима.

„Практично никогаш не ја отстранувам маскарата. Само додавам слоеви секојдневно. Го сакам тоа чувство на тежина на трепките.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар