Заслужувате љубов која ќе смени сè што досега сте знаеле за неа

Заслужувате љубов која ќе смени сè што досега сте знаеле за неа

Морате да почекате додека ја пронајдете љубовта која ќе ви го запре срцето, која ќе ви го одземе здивот и која ќе ви предизвика чувство како да имате пеперутки во стомакот. Љубов која ќе ве возбудува и од која никогаш нема да бидете презаситени. Вие заслужувате љубов која ќе направи да се разбудите, да бидете немирни и што ќе ве разгори и ќе ве потсети што значи да се биде жив.

Заслужувате љубов која ќе ги смени вашите досегашни сфаќања за неа

Заслужувате љубов која ќе ве предизвикува да бидете подобри, да постигнете нешто повеќе и да станете нешто со што ќе се гордеете самите вие и оние околу вас. Љубов која не е просечна или здодевна, туку која е како магија која ве води низ различни авантури. Љубов за која вреди секојдневно да се борите и постојано да се возбудувате околу тоа. Вие заслужувате љубов која ќе направи да верувате дека постои добро на овој свет, која ќе ве насмевнува без причина секогаш кога ќе шетате по улиците, што ќе прави да гледате романтични работи во сѐ она што ве опкружува, љубов која ќе ви го загрева срцето и душата и ќе ве претвори во личност каква што никогаш не сте замислувале дека можете да бидете. Заслужувате љубов која ќе ве натера да ги гледате работите малку „розово“ и да бидете среќни. Таква љубов која ќе направи сѐ што некогаш ве повредувало, сега да биде само еден мал спомен на кој едвај можете да се присетите.

Заслужувате љубов која не морате да ја барате или да молите за неа, таква во која целосно можете да верувате, без да се плашите дека кога било ќе ја изгубите. Заслужувате силна и стабилна љубов каде што не постои несигурност или неизвесност и која ќе ги промени вашите претходни сфаќања за неа. Љубов која ќе ги смени работите кон подобро и која ќе ве натера да сфатите дека во овој живот сепак постои нешто подобро од циничните и расипани луѓе. Вие заслужувате љубов која ќе ве направи целосно нова личност, затоа што токму таа љубов ќе придонесе да бидете подобри и ќе ве промени засекогаш. Токму таа е љубовта која вистински и целосно ја заслужувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар