Зашто се чувствувате несреќно и што можете да направите околу тоа?
Многумина од нас гледаат на среќата како нешто недостижно или тешко за реализација. Сепак, патот до среќата или несреќата е ист. Продолжете да читате и откријте зошто имаме тенденција да ја бираме несреќата наместо среќата и кое е едноставното решение на овој проблем.
Уште кога се будиме од сон, одлуките кои ги донесуваме во тој момент се причината која му претходи на понатамошниот тек на нашиот ден. Генерално кажано, среќата функционира на овој начин, но со тек на време овие повторливи мисли и дејства се врежуваат во нас, па ефектите започнуваат да доминираат над причината и влегуваме во некоја повторлива шема.
Ние сме нашите спомени
Доктор Џои Диспенза вели: „95% од она што сме до нашата 35-годишна возраст, е само меморизиран начин на однесување, емоционални реакции, потсвесни навики, врежани ставови, верувања и перцепции, коишто функционираат како компјутерска програма.“
Ова значи, дека сето она наше повторливо однесување, останува врежано во нашата специфична програма.
Спомените за некоја личност, која ги повторува истите шеми на однесување, се оформени во нас од некое интензивно емоционално искуство. Ова во нас повикува едно исто чувство, повторно и повторно. Кога сме несреќни, тоа често не е поврзано со моменталната ситуација во која се наоѓаме, туку едноставно одново доживуваме некој настан од минатото.
„Ако си дозволите таа емоционална реакција (наречена период на отпор) да трае со часови и денови, тоа го нарекуваме расположение. Ако ја задржите таа емоција со недели и месеци, тогаш тоа се нарекува темперамент. Доколку пак ја задржите таа емоција во вас да тлее со години, тогаш таа постанува ваша карактерна особина“, објаснува д-р Џои.
Со ова, тој сака да ни посочи дека скратувањето на периодот во кој вие ги враќате вашите емоции во нормала, е клучниот момент во којшто започнува вистинската промена.
Последиците од негативното, повторувачко чувствување на истите емоции може да се манифестира со губење на вашата волја да преземете нешто, но всушност е само живеење надвор од сегашниот момент. Ова не значи дека треба да избегате од реалноста дека сте заглавени во оваа состојба, туку само да станете свесни дека сте во таа состојба.
Па, како да излезете од оваа состојба?
Еден од најчестите начини да се излезе од тие повторливи преживувања на минатото или живеење во иднината е по пат на медитација, но исто така многу е важно и на кој начин го поминувате вашето време.
Доктор Џои посочува: „Мора да го заборавите аналитичкото размислување. Ако постојано правите работи коишто ве прават несреќни, тогаш ќе ви биде многу тешко да најдете среќа којашто трае подолго од моменталната.“
Честопати знаеме да станеме зависници од негативни емоции како што е стресот, бидејќи со стресот се лачат хормоните адреналин и норадреналин. Ова може да не наведе да веруваме дека е подобро да чувствуваме нешто што ни е веќе познато, отколку ништо.
Моделирање на среќата
Ако ги прашате луѓето кои се успешни и среќни која е нивната формула, тие најчесто ќе ви одговорат дека таа доаѓа од некоја оформена рутина, во иста форма. Ако прашате некој кој сега е среќен, но претходно бил несреќен и депресивен, ќе ви каже дека донел одлука да ги промени своите навики кон подобро. Нашето тело не може да направи разлика помеѓу емоција и реална ситуација и кога пробуваме да направиме промена, се чувствуваме многу неудобно. Ова ни создава силни нагони да се вратиме назад кон старите навики. Но, токму поради таа неспособност на нашиот организам да направи разлика помеѓу емоција и реалност, ние можеме да ја предвидиме иднината, така што свесно ќе ја создадеме. Ова може да се постигне со едноставна секојдневна визуелизација. Наместо да чекате да ви се случи среќен момент по случаен пат, вие можете да ја создадете среќата со помош на вашата сопствена волја.
Сите овие позитивни промени во вашиот живот, ќе се случат кога ќе започнете да ги предизвикувате резултатите и да ја созадете вашата нова реалност. Пробајте некоја од овие техники, наместо само да го прочитате овој текст и да продолжите понатаму со вашиот ден. Ова е единствениот начин на кој можеме да искочиме од лошите навики, кои ни го уназадуваат личниот развој кон посреќно утре.
Може да ве интересираат и овие 5 начини да бидете вистински среќни, фокусирајќи се на вашата животна мисија.