Заштитите ја вашата коса од топлина така што ќе ја обликувате без да користите фен

Заштитете ја вашата коса од топлина така што ќе ја обликувате без употреба на фен

Едноставно измијте ја вашата коса, протријте ја со пешкир и оставете ја да се исуши. Во зависност од формата на вашата коса, постојат неколку трикови кои можат да ви помогнат да имате привлечна фризура без притоа да ја горите со фен, пегла или фигаро. Погледнете како…

Права коса

(1) Заштитете ја вашата коса од топлината така што ќе ја обликувате без да користите фен

По миењето, избришете ја вашата коса со пешкир од микрофибер кој брзо ќе ја впие водата. Откако вашата коса ќе биде половина сува, земете широк чешел и исчешлајте ја. Доколку сакате таа да биде повеќе структурирана, употребете гел од алое вера. Нанесувајте од крајот кон корените на влакното со цел да создадете текстура.

Брановидна коса

(2) Заштитете ја вашата коса од топлината така што ќе ја обликувате без да користите фен

Избришете ја косата со микрофибер пешкир. Тие имаат навистина силна моќ на впивање. Откако вашата коса ќе се засуши, со помош на вашите прсти или чешел исчешлајте ја. Кога таа ќе биде околу 70% сува, нанесете малку спреј од морска сол со цел да добиете изглед како да сте биле на плажа. Доколку сакате поголеми бранови, земајте мали делови од вашата коса и нанесувајте врз нив повеќе од спрејот со морска сол.

Виткана коса

(3) Заштитете ја вашата коса од топлината така што ќе ја обликувате без да користите фен

Не употребувајте четка за чешлање бидејќи на тој начин ќе завршите со бушава фризура. Едноставно користете ги вашите прсти додека ја сушите косата, а паралелно поминувајте ја и со микрофибер пешкир за да го отстраните вишокот вода. Подигнете ја косата нагоре, а потоа фрлете ја наназад. На овој начин ќе ѝ дадете волумен. Ако сакате повеќе да ги дефинирате локните, користете малку крема или масло за коса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар