Зашеќерени бадеми со цимет
Префинета елеганција на овие вкусни јаткасти плодови
Потребно е:
- 450 г непечени бадеми
- 1 1/2 лажици шеќер
- 3 лажици цимет
- 1 белка
- 1 1/2 лажиче екстракт од ванила
- прстофат сол
Начин на подготовка:
Рерната загрејте ја на 150 Целзиусови степени. Земете едно тавче за печење, обложете го со хартија за печење и премачкајте го со малку путер. Во еден сад измешајте ги шеќерот и циметот, а во друг сад на страна малку изматете ја белката. Во белката додадете ги ванилата и солта.
Бадемите прво извалкајте ги во смесата со белка, убаво да се обложат сите, па потоа во шеќерот.
Вака подготвени, истресете ги од вишокот шеќер и ставете ги во тавчето во еден слој да се печат 10 минути. По 10 минути, измешајте ги и печете ги уште 10 минути.
На крај, измешајте ги за последен пат и печете ги уште дополнителни 5 минути. Оставете ги да се оладат пред да ги сервирате.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
супер 😀 😀
Prekrasno nesto od badem 🙂