„Засечени нокти“ – лесен маникир во 4 чекори
Декорирањето на вашите нокти знае навистина да ја разбуди креативноста во вас, како и уметничкиот дух. Тоа е исто како да создавате мало парче уметност на вашите или на нечии туѓи дланки. Овој пат ви предлагаме доста интересен и брз маникир кој ќе ги разигра вашите нокти.Потребно:
- Лакови за нокти во две бои по ваш избор
- Лак за основа
- Лак за финиш
- Црн лак за нокти
- Ацетон
- Тенка четка за маникир
- Парче хартија (се користи како палета за боите)
Чекор 1
Откако добро ќе ги средите и израмните ноктите, нанесете еден слој лак за основа, кој е препорачливо да не е сосема проѕирен, односно да има некоја нијанса, за да им даде подобар изглед бидејќи нема целосно да бидат прекриени со боја.
Чекор 2
Работете многу внимателно. Направете геометриски форми на ноктите по ваш избор, нанесувајќи еден слој лак за нокти во боја. Доколку мислите дека не би направиле правилни форми со слободна рака, употребете самолеплива хартија за да ви помогне да ги направите формите и притоа да не излезете од линиите.
Чекор 3
На парчето хартија истурете малку од црниот лак. Ставете ја четката во ацетон (за да биде потенка и попрецизна), потоа земете малку од бојата. Внимателно исцртајте црни линии по рабовите на необоениот дел од ноктите, како на сликата.
Чекор 4
Нанесете еден слој лак за финиш на ноктите кој ќе им даде поголем сјај.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.