Запознајте го подобро вашиот партнер: 20 отворени реченици за новите љубовни врски
Постојат многу начини на коишто можете да ги предизвикате границите на врската. Во продолжение следува еден интересен начин за да ја истражите оваа идеја – отворени реченици што самите треба да ги завршите! Ова може да биде забавен начин за новите, но и постарите партнери да се почувствуваат поблиско и поинтимно.
Кога и двете страни ќе одговорат автентично, тие си ги предизвикуваат мислите и емоциите за подобро да ја разберат својата врска. Можете слободно да додавате и нови реченици на оваа низа, како што ќе минува времето, со цел да откривате нови зони во вашата љубов. Епа ајде да пробаме… Повикајте го партнерот и завршете ги следниве реченици (најискрено што можете!):
1. Мажите ги гледаат жените како ____________________.
2. Жените ги гледаат мажите како ____________________.
3. Љубовната врска може да успее само затоа што партнерите ____________________.
4. Љубовната врска ќе се распадне ако ____________________.
5. Љубовта е ____________________.
6. За да имаат добра љубовна врска, жените треба да ____________________.
7. За да имаат добра љубовна врска, мажите треба да ____________________.
8. Најтешкото нешто кај интимната врска е ____________________.
9. Луѓето се заљубуваат затоа што ____________________.
10. Најважните квалитети на одличниот партнер се ____________________.
11. Најважните квалитети на одличната партнерка се ____________________.
12. Најболното нешто што мажот може да го направи во врската е ____________________.
13. Најболното нешто што жената може да го направи во врската е ____________________.
14. Тоа што повеќето мажи го сакаат е ____________________.
15. Тоа што повеќето жени го сакаат е ____________________.
16. Најважната лекција што ја научив за врските е ____________________.
17. Зборовите со кои би ја опишал/а совршената љубовна врска се ____________________.
18. Во врска, не можам без ____________________.
19. Најдобрите квалитети што ги носам во врската се ____________________.
20. Без размислување би ставил/а крај на врската ако ____________________.
Одговорете ги и овие 7 прашања кои имаат моќ да ја зацврстат вашата љубовна врска!