Запознајте го Boxy, онлајн бренд за убаво спакувани марами во кутија (+ПОДАРОК)

Запознајте го Boxy, онлајн бренд за убаво спакувани марами во кутија (+ПОДАРОК)

Без разлика за каква модна комбинација и стил се работи, овие марами ќе направат секогаш да изгледате поатрактивно и поразлично! Се работи за совршено искомбинирани марами во mystery box, кои ќе ја разубават секоја комбинација и ќе го разиграат вашиот стајлинг.

МОЖНОСТ ЗА ПОДАРОК!

View this post on Instagram

🎀 <— GIVEAWAY TIME —> 🎀 Во соработка со @boxy.mk подаруваме 2 кутии со совршено искомбинирани марами! Правила за учество: – Следете ги двата профили: @kafepauza и @boxy.mk – Тагнете двајца пријатели во коментар – Можете да тагнувате повеќе пати (различни профили) Добитниците ќе ги избереме во петок (26.09.2019). Со среќа! #кафепауза #giveawaymacedonia #giveawaysmacedonia #fashionistasmk #фотонаденот #фотонанеделата #марама #кутија #мода #подарок #стил #инстаграмџии #инстаграмџики #инстаграмџииmacedonia

A post shared by Кафе пауза (@kafepauza) on

1. Како се роди идејата за Boxy? Која беше замислата зад овој концепт?

Идејата за Boxy произлезе навистина спонтано, од едноставната желба да се понуди производ на домашниот пазар кој ќе ја елиминира најголемата потешкотија кај женскиот пол – примораноста да се одбере само една работа при купувањето, особено кога се работи за модни додатоци. Една кутија BOXY содржи 5 различни дезенирани марами со димензија 50×50 cm. Марамите како аксесоар ги одбравме бидејќи се безвременски, не зависат од модните трендови и се привлечни за сите возрасни групи. Исто така може да се комбинираат и носат на многу различни начини, што играше голема улога кога тимот ја формираше целата идеја зад брендот. Втор елемент кој сакавме да го доловиме е создавање на продукт кој ќе биде убаво спакуван во бредндирана дезенирана кутија што го прави совршен избор за подарување.

2. Kолку е голема заинтересираноста за модни додатоци? Имаат ли луѓето во Македонија навика да купуваат онлајн?

Започнувањето на нов бренд со себе секогаш носи многу предизвици. Можеме да кажеме дека да, заинтересираноста е голема од страна на припадничките од женскиот пол, а исто така на наше задоволство, имаме и машки потрошувачи кои со BOXY кутиите ги радуваат своите најблиски. Имаме над 100 различни дезени на марами, така што секој може да пронајде нешто по свој вкус, без разлика на возрасната група и модниот стил. На наше пријатно изненадување, бидејќи BOXY како бренд е базиран на електронска продажба, луѓето кај нас сѐ повеќе купуваат онлајн. Ние како бренд стоиме позади нашите продукти и транспарентноста во односот кон потрошувачите, така што сите фотографии се од нашите продукти и нашиот продажен тим секогаш се грижи да ги информира потенцијалните потрошувачи околу сите детали кои ги интересираат, со што би се намалил оној скептицизам при купувањето на интернет.

3. Како ги одбирате дезените за вашите марами? Дали ги следните актуелните модни трендови?

Како што споменавме, моментално имаме над 100 различни дезени на марами со кои сакаме да опслужиме што е можно поголема група на потенцијални потрошувачи. Неминовно е поради природата на индустријата во која работиме да ги следиме модните трендови, но сепак не се водиме слепо од нив при изборот на дезените туку од помислата дезените да се тренди, но и да бидат ин во повеќе сезони и пригоди за модно комбинирање.

4. Како сте задоволни од досегашната работа на Boxy? Какви новитети можеме да очекуваме од вас во иднина?

BOXY е прилично нов бренд на домашниот пазар кој има простор за растење и проширување на понудата. Нашите очекувања кои ги имавме при создавањето на целиот концепт на брендот досега се остварија и се во нагорна линија – со задоволство можеме да кажеме дека првите тестови и предизвици успешно ги поминавме, а во текот на работата секојдневно постојано учиме и подобруваме одредени сегменти со цел да имаме што е можно посреќни и позадоволни клиенти. Во иднина секако ќе работиме на проширување и развој на брендот. Во моментов не би можеле со сигурност да кажеме со кои производи, но по соодветно спроведени истражувања и анализи имаме во план да подготвиме некои новини.

5. Каде можат да ве контактираат заинтересираните купувачи? Кој е процесот за нарачка?

BOXY е бренд кој засега функционира електронски, односно сите заинтересирани потрошувачи можат во кое било време да нѐ контактираат преку порака на нашата Фејсбук фан-страница или на нашиот Инстаграм профил. За сите прашања исто така можете да ни се обратат и по имејл на boxymk@gmail.com.

Интервју: Ана Ќурчиевска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар