Запознајте го 7-годишното девојче со уникатен модел стил кое ги „запали“ социјалните мрежи!
Иако Коко има само 7 години, таа има и половина милион следбеници на Инстаграм и тоа не е без причина. Ова модно освестено девојче од Токио има најоригинален стил на облекување во светот, па затоа и воопшто не нè изненадува фактот што е толку популарна на социјалните мрежи.
Првите, самоуверени модни чекори на ова девојче секојдневно се следени од голем број луѓе коишто црпат инспирација од нејзиниот пример. Коко се облекува подобро од поголемиот дел возрасни модни блогерки и трендсетерки, па затоа и слободно можеме да кажеме дека е иднина на модниот свет.
Од мали нозе (иако е сѐ уште мала) ја преферирала облеката наместо играчките. Секое девојче своите први модни чекори ги вежба на куклите и барбиките, но Коко ги оставила нив настрана и започнала да си игра со гардероберот на нејзината мајка.
Па, ако ви недостига инспирација за тоа што да облечете во наредните денови, отворете го Инстаграм профилот на малата Коко и вашиот проблем ќе биде решен.