Запомнете: Работи кои не треба да ги правите доколку сакате вашата врска да успее
Поголемиот дел од луѓето ја имаат таа мана – лошите постапки во врската да ги оправдаат со големата љубов кон партнерот, но тоа е потполно погрешно. Ако некого навистина сакате, еве што не треба да правите.
1. Не ја мешајте контролата со грижата
Спаѓате ли во оние кои сакаат да ја знаат секоја ситница во врска со работниот ден на партнерот? Праќате ли пораки или ѕвоните веднаш штом забележите дека се задржал/а малку подолго на работа или на местото каде што заминал/а без вас? Дали се правдате со тоа дека „се грижите“? Ако на сите прашања одговоривте потврдно тогаш, грижата сте ја замениле со контрола и прашање е кога ќе дојде денот кога на вашиот партнер тоа ќе започне да му смета, па по должност ќе ви ги кажува неговите планови за секој ден. Секако, можеби вашата грижа е навистина оправдана, но не дозволувајте да ви стане навика или шаблон по којшто ќе се однесувате, бидејќи набрзо љубовта ќе се претвори во огорченост.
2. Не сакајте условно
Ако му се јавувате на вашиот партнер кога ви е потребен, но исто така и му го нудите своето време, тоа е сосема нормално и прекрасно е на некого да му ставите до знаење дека секогаш ќе бидете тука за него. Но, дали некогаш сте се запрашале, дали го понудувате своето време, трпение и нежност без никакви услови? Иако е човечки да го очекуваме истото внимание што го даваме, тоа очекување понекогаш може да го уништи вашиот однос со партнерот. Тука не станува збор за материјална помош, туку за тоа дека очекувате поголемо внимание, љубов и грижа доколку вие сте му помогнале со нешто на вашиот партнер. Запрашајте се колку би било убаво да му помогнете на некого, да му го подарите своето време и внимание само поради тоа што се грижите за него. Иако многумина тврдат дека безусловната љубов не постои, обидете се вашата да биде најблиску до тоа.
3. Не ги занемарувајте малите гестови
Нека не ве води мислата дека ако некој неколкупати не бил тука за вас кога ви бил потребен или пак не ви кажува „те сакам“, тогаш навистина не ве сака, без разлика дали е во прашање партнерот, пријателката или пак семејството. Понекогаш не обрнуваме внимание на малите гестови со кои некој јасно ни става до знаење дека нè сака и се грижи за нас. Тоа може да биде понуда да ги измие садовите или да ви свари чај кога сте болни. Сите тие ситници на кои не обрнуваме внимание покажуваат дека на некого му е грижа за вас. Некои луѓе едноставно не знаат да ги искажат чувствата преку зборови, со прегратки или бакнежи, па затоа од нив не очекувајте големи романтични испади и изливи на нежности, но обрнете внимание на ситниците со кои јасно ја покажуваат нивната љубов.
Никој на светот не е совршен, тргнете од себе и своите недостатоци, па вам и на вашиот партнер работите ќе ви станат појасни, а вашата врска поцврста.