Започнете ја неделата на вистинскиот начин: Брза и едноставна торта со малини и јагоди

Започнете ја неделата на вистинскиот начин: Брза и едноставна торта со малини и јагоди

Освежувачки летен десерт за сите љубители на чизкејкот

Потребни состојки:
  • 600 милилитри јогурт
  • 120 грама шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • 6 ленти желатин
  • 400 шлаг пена милилитри
  • 400-500 грама малини
Начин на подготовка:

Најпрво изматете ги јогуртот и шеќерот. Потоа, подгответе го желатинот според упатството и додајте го јогуртот во него. Почнете да матите, и полека додајте го и шлагот. На крај, во тавата во којашто ќе ја подготвите тортата, наредете ги малините, прелијте ги со добиената смеса и оставете ги да се оладат во фрижидер преку ноќ.

Дополнителен совет:

За подобар вкус, подгответе ја основата за малините на следниов начин:

  • 125 грама растопен путер
  • 250 грама кекси
  • 2 супени лажици кафеав шеќер
  • 1 кафена лажичка цимет

Смелете ги кексите и помешајте ги со шеќерот и циметот, па додајте го стопениот путер. Втиснете ја смесата во калап со големина од 26 сантиметри и печете 3 до 5 минути на 180 степени. Добиеното тесто поставете го на дното на тортата, па потоа наредете ги малините, па останатата смеса.

Добар апетит!

Ако ви се допадна овој рецепт, тогаш морате да го пробате и ова летно овошно задоволство: Десерт со малини и бадеми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар