Запаметете дека добрите работи си заминуваат со цел да дојдат уште подобри!

Запаметете дека добрите работи си заминуваат со цел да дојдат уште подобри!

Вашата иднина е непредвидлива, па затоа замислата за неа е посјајна и подобра од минатото. Но, многумина се научени да веруваат дека најдобрите работи се зад нив, дека нивното минато е подобро од иднината и постојано се држат за некои работи, а притоа потсвесно си го поставуваат прашањето што ако никогаш повторно нема да бидат среќни… Но, животот може да ве изненади со многу моменти на среќа, дури и тогаш кога воопшто не очекувате.

Запаметете дека добрите работи си заминуваат со цел да дојдат уште подобри!

Вие ги губите добрите луѓе околу вас, но затоа запознавате уште подобри. Мислите дека никогаш повторно нема да се заљубите, но пронаоѓате љубов која вистински ја заслужувате. Мислите дека никогаш нема да го откриете својот повик, но еден ден тој истиот повик ќе тропне на вашата врата. Мислите дека иднината може да биде тешка, но честопати таа е понежна и од минатото. Животот постојано се менува, а се менуваат и работите околу вас и луѓето кои ги сакате.

Понекогаш може да ви биде тешко да се прилагодите на новиот живот, но така учите вредна лекција, учите како да верувате дека иднината носи подобри работи за вас. Од вас зависи дали ќе гледате на иднината како на благослов или како на проклетство. Сѐ додека сте живи, на овој свет сте му потребни поради одредена причина. Не ли е подобро со возбуда да мислите дека таа причина за вашето постоење е посебна и значајна, отколку да сметате дека среќните денови веќе завршиле?

Гледајте на сите завршетоци како на нови почетоци, на разделувањата како на идни состаноци со нови околности и пуштете ги да поминат добрите работи, па направете место за уште подобрите кои доаѓаат. Тоа не значи дека во иднината нема да доживеете лоши денови, но сигурно покрај сѐ се крие многу благослов, љубов, успех и незаборавни моменти. Наместо да размислувате дека нема да дојдат подобри денови од сегашните, подобро размислувајте за неверојатната иднина која ве очекува!

Доколку чувствувате дека имате премногу грижи, обидете се истите да ги намалите со помош на овие 5 совети.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар