„Занемарени“ делови од женското тело на коишто мажите не можат да одолеат
Кога се работи за сексуалната привлечност, многу жени мислат дека мажите „паѓаат“ само на добар задник, големи гради и полни усни. Но, вистината е дека тие не можат да одолеат на уште неколку делови од телото, за кои девојките ретко би помислиле дека може да бидат толку привлечни за нивниот партнер. Еве кои се тие:
1. Линијата на грбот
Јасно видливата линија на грбот, по должината на ‘рбетот, проследена со грациозен од е нешто на коешто мажите не остануваат рамнодушни. Во многу уметнички дела на кои е прикажана женска фигура, фокусот е токму на овој дел од телото. Жените можат да го нагласат обликуваниот грб со помош на тесни маички или пак со фустани и блузи кои откриваат поголем дел од грбот.
2. Очи и поглед
Очите се еден од најпривлечните фактори на заводливоста, без разлика дали се нашминкани или не. Сигурен и самоуверен поглед кој зрачи со заводливост може да го придобие кој било маж. Верувајте му на својот поглед, во неговата длабочина се содржи целата ваша душа.
3. Коса
Без разлика на бојата и должината, косата е главен адут во играта на заведување. Секој маж би сакал да си игра со косата на партнерката додека ја бакнува, уживајќи во нејзиниот мирис и мекост. Исто така, вашата коса може да биде клучна во заведувањето, особено ако лесно и дискретно ја местите или си играте со неа.
4. Кожа
Мазна и негувана кожа повикува на бакнежи и нежни допири. Мажите го обожаваат контактот кожа на кожа и сакаат да поминуваат што повеќе време припиени до жената која ја сакаат. Негувајте ја својата кожа, пред сè за себе, а потоа и за секогаш да бидете сигурни дека партнерот ќе сака да поминува подолго време милувајќи се со вас.
5. Врат и раменици
Женските врат и раменици се многу понежни отколку кај мажите, а токму преку овие делови тие можат да го почувствуваат природниот мирис на жената, кој дополнително ја зголемува привлечноста. Исто така, кај жените вратот, рамениците и деколтето се клучна ерогена зона.
Прочитајте уште и што најмногу ги привлекува мажите кај жените.