Замрзната пита со текила: Рецепт за освежителна торта што може да ја направи речиси секој

Замрзната пита со текила: Рецепт за освежителна торта што може да ја направи речиси секој

Наместо класичен сладолед, пробајте ја оваа замрзната пита.

Замрзната пита со текила: Рецепт за освежителна торта што може да ја направи речиси секој

Потребни состојки:

  • 400 мл кондензирано млеко
  • 200 мл шлаг-крем
  • 200 грама чајни бисквити
  • 6 лажици путер
  • 4 лимети
  • 3 лажици текила
  • 3 лажици шеќер
  • малку сол

Начин на подготовка:

1. Во блендер издробете ги чајните бисквити додека да се иситнат во прав. Измешајте ги со растопениот путер, со шеќерот и со малку сол.

2. Притиснете ја добиената смеса во кружен калап и ставете ја стои во замрзнувач 20 минути.

3. Во блендер изматете го шлаг-кремот.

4. Исцедете го сокот од лимета и изрендајте кора од една лимета.

5. Измешајте го сокот од лимета со кондензираното млеко, со текилата и со малку сол и мешајте додека не добиете хомогена смеса.

6. Постепено додајте го и шлаг-кремот.

7. Турете ја смесата врз замрзнатата основа. Декорирајте со рендана кора од лимета или парчиња лимета и ставете ја питата да стои во замрзнувач најмалку осум часа.

8. Извадете ја питата од замрзнувачот половина час пред да ја послужите за полесно да ја исечете на парчиња.

Погледнете како да направите вкусен и кремаст десерт со сирење и банани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар