Замор, дебелеење и чувство на студ: 6 јасни знаци дека вашиот метаболизам не работи добро

Замор, дебелеење и чувство на студ: 6 јасни знаци дека вашиот метаболизам не работи добро

Забавениот метаболизам значи дека телото не може доволно ефикасно храната која ја внесуваме во телото да ја претвори во енергија. Следните 6 симптоми може да алармираат на разни здравствени тегоби, па така и на тоа дека вашиот метаболизам не работи добро, особено доколку ве мачат неколку од нив истовремено.

1-zamor-debeleenje-i-chuvstvo-na-stud-6-jasni-znaci-deka-vashiot-metabolizam-ne-raboti-dobro-www.kafepauza.mk_

1. Многу сте уморни

Многу работи може да бидат причина за замор, вклучувајќи ги и очигледните фактори како што се недостаток на сон и жестоко вежбање. Меѓутоа, ако често сте многу уморни, тоа може да алармира на забавен метаболизам, бидејќи телото не може доволно брзо храната која ја внесувате да ја претвори во енергија.

2. Кожата и косата одеднаш ви станале суви

Кога метаболизмот не работи добро, телото не може доволно брзо да ги обновува клетките кои се важни за здравјето на кожата и косата и тие стануваат суви. Сувоста на кожата и косата може да укажува и на многу други работи, како на пример лошата исхрана.

2-zamor-debeleenje-i-chuvstvo-na-stud-6-jasni-znaci-deka-vashiot-metabolizam-ne-raboti-dobro-www.kafepauza.mk_

3. Копнеете за слатки и храна која е богата со скроб

Копнеењето за одреден вид храна често укажува на тоа дека на телото му е потребно енергија. Ако се храните добро и спиете доволно, но и понатаму чувствувате голема потреба за слатко и храна која е богата со скроб, тоа може да значи дека метаболизмот храната која веќе сте ја изеле не ја преработува добро во енергија која му е потребна на вашето тело.

4. Се дебелеете иако се храните здраво

Природно е со текот на годините метаболизмот да забавува заради што е потешко да одржувате здрава тежина, но ако се храните здраво и внимавате на внесувањето калории, а и понатаму се дебелеете, многу е веројатно дека станува збор за пребавен метаболизам.

5. Постојано ви е ладно

Метаболизмот, исто така, го снабдува телото со топлина, а ако тој работи бавно, тогаш како последица ќе се јави постојано чувство на студ. Тоа посебно ќе го почувствувате во текот на ноќта кога за да се загреете ќе се покривате со неколку слоеви на покривки.

6. Расположението постојано ќе ви се менува

Константното чувство на исцрпеност, бидејќи вашиот организам се „мачи“ да ја преработи храната, може да резултира со честа раздразнетост и постојано менување на расположението.

Погледнете на кои едноставни начини можете да го забрзате вашиот метаболизам.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар