Заминувајте навреме, не задржувајте никого: Сѐ се случува во вистинското време!
Заминувајте си навреме, одете си дома, иако никој не ве чека, после забава, од гости, од пропаднати врски и лоши навики. Заминувајте си од депресијата, мрачните мисли, болните спомени и негативните луѓе. Заминувајте навреме. Не оставајте длабоки лузни на вашето тело, не ја инфицирајте душата со грижа на совест.
Заминувајте си навреме. Не го гребете цртежот на нежното платно на вашата судбина. Ценете го вашиот живот. Ако некој се обидува да го стави својот живот пред вашиот, разберете дека вие самите сте првенствено одговорни за сопствениот живот, а потоа за нечиј друг. Никој не дошол на овој свет како жртва. Животот не бара од човекот да се жртвува себеси и својата љубов.
Не е тешко човек да се изгуби себеси и не е тешко да се претвори во нешто друго, да живее туѓ живот, да живее во нечиј свет, во поинаква реалност. Но, тешко е да се пронајдете себеси. Само вие можете да одлучите колку ќе им дозволите на другите да ве искористуваат. Доколку залудно се жртвувате, вие не си давате сила, туку си ја одземате.
Научете како навреме да си заминувате од животните околности и ситуации. Секогаш ќе знаете како да го препознаете тој момент. Верувајте во себе, верувајте ѝ на вашата интуиција, немојте да се лажете себеси и не лажете ги другите.
Не постојат лоши луѓе. Постојат луѓе кои се разликуваат од нас. Немате други одговорности, освен личните. Сѐ што се случува во вашиот живот, сѐ што се случува околу вас и на некои далечни острови, се случува со ваша дозвола. Вие сте дозволиле вашиот живот да биде таков каков што е.
Вие сте дозволиле сивилото да доминира во вашиот живот. Вие сте дозволиле стравот да се всели во вашиот живот. Вие сте дозволиле да играте споредна улога во сопствениот живот. Погледнете околу себе, бидејќи можеби дошло време да заминете. Тешко е да се остави сѐ што сте преживеале и да си заминете, но понекогаш неопходно е да се стори тоа во вистинскиот момент.
Заминете си навреме од опсесивните илузии и наметнатите стравови, но и понатаму продолжете да сонувате и да се обидувате. Не плашете се да згрешите, бидејќи тоа значи дека сте се обиделе. Не плашете се од туѓите реакции, бидејќи и онака не можете да ги предвидите, додека не го направите она што сте го замислиле. Во секој случај, ќе имате шанса да си заминете навреме и да продолжите понатаму.
Сите луѓе знаат кога им недостасува нешто што сакаат да го имаат, нешто што не добиле, а очекувале да го добијат. Но, никогаш не помислуваат дека можеби не требале веднаш да го добијат она што го посакувале. Вистината е многу едноставна. Сѐ се случува во вистинското време, па дури и чудата. Токму затоа, треба да си заминувате навреме и никого да не задржувате. Ако се задржувате, вашето животно сценарио само ќе продолжи и понатаму да се повторува, а тоа е последното нешто што ви треба.
Во продолжение прочитајте и зошто ќе ги изгубите луѓето кои останале во вашиот живот ако продолжите да мислите на оние кои си заминале.