Замија – растение што им успева на сите
Растенијата му даваат дополнителна живост и убавина на просторот. Но, додека некои луѓе имаат магични прсти кога станува збор за грижата за зеленилото, други сметаат дека е доволно да погледнат во своето растение и тоа да овене. Но, замијата е растение со кое не треба да се грижите за таквите работи. Според фенг шуи, таа носи среќа и пари во домот, а нејзината голема предност е фактот што грижата за неа е многу лесна.
Ова зимзелено растение потекнува од Африка, а е многу популарно во украсувањето на домот поради интересниот изглед и лесното одржување. Во висина расте до 1 метар и има неколку гранки на кои има парови зелени, сјајни, мазни и цврсти лисја.
Кога се грижите за ова растение, треба да бидете сигурни дека не е директно изложено на сонце и температурата на која се наоѓа не треба да биде под 15 °С. Оптималната температура за ова растение е од 18 до 24 °С.
Треба да го наводнувате еднаш месечно, па дури и поретко. Не претерувајте со водата, бидејќи растението може да почне да гние и да има жолти лисја. Покрај тоа, станува збор за растение на кое не му е потребна посебна мешавина на почва.
Замијата се размножува со делење на ризомот, лисјата или деловите од стеблото, а при размножувањето мора да бидете трпеливи затоа што грутчестиот дел се формира многу бавно. Цвета од средината на летото до рана есен, а неговиот необичен цвет се наоѓа на дното на стеблото.
Погледнете ги овие 4 трикови со сода бикарбона што можете да ги искористите во вашата градина.