Заменете го чипсот со семки од тиква и подгответе се да бидете вчудовидени

Заменете го чипсот со семки од тиква и подгответе се да бидете вчудовидени

Веќе стотици години семките од тиква се користат за медицински цели, бидејќи се богат извор на витамини. Дури и науката потврдила дека нивната хранлива вредност расте со отстојувањето, по што се скоро единствени во природата. Па, доколку сè уште не верувате во нивната моќ, погледнете ги следниве причини зошто уште вечерва треба да ги одберете нив наместо нездравиот чипс.

Заменете го чипсот со семки од тиква и подгответе се да бидете вчудовидени

1. Одржување на здравјето на срцето

Четвртина шака од овие вкусни семки содржи скоро половина од препорачаната дневна доза магнезиум – кој е важен за здравјето на вашето срце. Семките од тиква исто така помагаат и при контрола на крвниот притисок.

2. Подобрување на имунитетот

Освен што изобилуваат со магнезиум, тие се и богат извор на цинк, што помага при регулација на имуниот систем, односно го намалува ризикот од вирусни инфекции како настинката и грипот. Истражувањата покажале дека меѓу другото, тие го намалуваат и хроничниот умор, како и помагаат при борбата со депресијата.

3. Одржување на здравјето на простатата

Уште од дамнешно време е познато дека семките од тиква се важен дел од исхраната на мажите бидејќи благотворно делуваат на простатата. Истражувањата покажале дека маслото и семките од тиква, поради високото количество цинк, можат да бидат особено корисни за здравјето на мажите, па неретко се користат и при лечење различни здравствени проблеми со простатата.

4. Намалување на ризикот од дијабетес

Според истражувањата, семките од тиква помагаат при регулирање на инсулинот, а со тоа ги спречуваат и различните компликации поврзани со дијабетесот.

5. Помагање во борбата со несоница

Јадењето семки од тиква, неколку саати пред спиењето, особено во комбинација со овошје, ќе допринесе до подобро лачење мелатонин и серотонин, резултирајќи со зголемена регулација на телото за време на сонот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар