Заљубете се во плиш на прв поглед

Заљубете се во плиш на прв поглед

Знаеме дека гардеробата од плиш понекогаш ви делува просто и неугледно, па веруваме дека никогаш не би ви паднало на памет дека овој материјал може да изгледа и софистицирано и модерно ако се комбинира на вистинскиот начин. Пред да ја исфрлите гардеробата од плиш еднаш за секогаш, испробајте ги овие елегантни сомотни комбинации кои ги подготвивме за вас. Сигурни сме дека веднаш ќе се премислите за овој материјал.

1-zaljubete-se-vo-plish-na-prv-pogled-www.kafepauza.mk_

1. Сако од плиш

Сакото е едното од главните парчиња кои морате да ги носите во канцеларијата. Тоа е ултра модерно во последните неколку сезони помеѓу сите генерации. Меѓутоа, секојдневното носење на сако досадува. Тогаш зошто обичното сако не би го замениле со сако од плиш? Не само што е топло, па можете да го носите наместо јакна, туку е и многу шик. Доброто сако од плиш ќе ја направи и наједноставната комбинација навистина занимлива. Одберете го за дневна варијанта во зелена боја, фустан и едноставни чизми до колена, а за вечерни излегувања комбинирајте го со сина боја и црвени обувки.

2-zaljubete-se-vo-plish-na-prv-pogled-www.kafepauza.mk_

2. Кокетен фустан од плиш

Фустанот од плиш нè потсетува на дамнешните 70-ти. Еден од аутфитите кои морате да ги пробате е секако со фустан од плиш. Овој модел на фустан ќе ги истакне најдобрите делови од вашето тело. Многу е лесен за комбинирање, а оние во вино боја се вистински хит за оваа сезона. Другите бои кои се исто така пожелни се оние поведрите, како на пример бојата на смарагд, сафир, рубин или корал. Во комбинација со кратка кожна јакна, овој фустан можете да го облечете во сите прилики.

5-zaljubete-se-vo-plish-na-prv-pogled-www.kafepauza.mk_

3. Облечете ги смело широките пантолони од плиш

Дали сте забележале дека сите модни блогерки и славни личности носат пантолони со широки ногавици и висок струк? Овие модели се удобни за носење и лесни за комбинирање. Особено се погодни за ниските жени, бидејќи го издолжуваат телото. Пантолоните од плиш многу лесно се комбинираат. Сината боја е вистински избор за дневна варијанта во комбинација со шарен џемпер и црно-бела кошула. Оваа комбинација е спој на неспојливото и можеби делува несекојдневно, но секако е избор на една смела жена која е спремна на сè.

6-zaljubete-se-vo-plish-na-prv-pogled-www.kafepauza.mk_

4. Чизмите од плиш се создадени за пролет

Кога ќе кажеме чизми, најпрво помислуваме на зима, потоа на есен и дури на крај на пролет. Чизмите од плиш се идеални за пролетните денови. Ова софистицирано парче обувки ќе го стави акцентот на секоја комбинација. Без оглед на тоа дали носите обичен црн фустан или здолниште со џемпер, овие чизми ќе направат да изгледате модерно, софистицирано и шик. Не ги препорачуваме да ги носите доколку паѓа дожд за да не ги оштетите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар