Заљубете се во некој кој сака да чита и збогатете го вашиот свет

Заљубете се во некој кој сака да чита и збогатете го вашиот свет

Читањето е бесмртен портал кој води кон милион други светови. Не се работи само за ставање зборови на хартија кои треба да се обработат во мозокот, туку за отворање на умот и прифаќање на идеи, култури и луѓе кои ви се непознати. Се работи за сознанието дека постои еден цел универзум надвор од вашиот секојдневен распоред. Оние ситници за кои некогаш сте се нервирале, ќе станат многу поприфатливи кога ќе почнете да разбирате како стојат работите во други делови од светот.

Заљубете се во некој кој сака да чита и збогатете го вашиот свет

Проблеми, борби, неправди, радости, вистини, лаги, корупција, скандали, добрина, себичност, несебичност, одлуки, зависности, предизвици, врски, грешки, жртви… Толку многу нешта и емоции. Читањето ве изложува на сите тие работи, за кои инаку не би биле свесни.

Затоа, бидете со некој кој сака да чита. Ако некој чита не значи дека е најинтелигентниот, најобразованиот и најсофистицираниот човек од сите. Не значи дека е најдобар. Не станува збор за супериорност.

Читањето ви помага да ги отворите очите најмногу што можете. Ви помага да апсорбирате толку многу приказни колку што вашиот мозок има капацитет да собере. Приказни од секаков вид: Вистински, измислени, историски, фантастични, хумористични и трогателни. На тој начин вие ќе можете да ги разберете оние кои се поразлични од вас, оние кои имале многу поинаков живот од вашиот. Така ќе можете да го разберете фактот дека постојат бесконечно многу приказни во светот, нималку слични на вашата.

А тоа ќе можете да го разберете, и покрај бескрајните разлики помеѓу вас и останатите, благодарение на човечноста која е заедничка за сите луѓе. Сите ние сме пред сѐ луѓе.

Таква е моќта на читањето. Читањето нѐ потсетува дека сите ние сме луѓе, дека сите страдаме, дека она што сите најмногу го сакаме е да почувствуваме како нашите души се поврзани една со друга.

Не двоумете се дали да започнете љубовна врска со некој кој сака да чита. Тоа значи дека тие се отворени, љубопитни и грижливи. Тие разбираат дека сочинуваат само еден минијатурен дел од универзумот. Тие разбираат дека нивната приказна не е најважната, туку дека е само една од многуте. Разбираат колку е важно да се биде прифатен и сфатен, и кога падот е неизбежен, тие ќе продолжат да вложуваат труд. Затоа што приказните постојано ги потсетуваат колку е важно никогаш да не се откажуваат.

Заљубете се во некој кој сака да чита и вашиот свет постојано ќе се збогатува, никогаш осиромашува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар