Претходно
Закиселени печени компирчиња
Интензивен, но специфично интересен вкус
Потребни состојки:
- ½ кг поситни компири, исечени на тенки парчиња по должина
- 500 мл бел оцет (или 250 мл оцет со 250 мл вода за не толку јак вкус)
- Маслиново масло (екстра девствено)
- Сол
- Бибер
Начин на подготовка:
- Во тенџерче ставете ги парчињата компири и оцетот. Зовријте ги, потоа намалете ја температурата и пржете ги додека не станат меки кога ќе ги прободете со виљушка, околу 8 минути. Оставете ги да се оладат околу 30 минути. Потоа исцедете ги впијте го вишокот со кујнска хартија.
- Загрејте ја рерната на средно висока температура. Наредете ги компирите на обложено тавче во еден ред, ставете повеќе маслиново масло, сол и бибер и пикнете ги да се печат. Печете додека не добијат кафена боја одозгора, односно околу 7 минути, а потоа превртете ги парчињата и печете ги од другата страна уште 5 минути. Сервирајте ги топли.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.