Загубената уметност на заведувањето: Зошто многумина се разочарани од сексот?

Загубената уметност на заведувањето: Зошто многумина се разочарани од сексот?

Ние сме генерација на инстантно задоволување. Го сакаме она што го сакаме во истиот овој момент, бидејќи никој од нас нема време, ниту пак сака да чека. Сите имаме лесен пристап до храна, врски, облека, секс, забава, новости… Целиот свет е на врвот од нашите прсти! Сè што треба да направиме е да кликнеме неколку пати на маусот и тастатурата и ќе добие скоро сè што можеме да замислиме. Но, зошто тогаш луѓето се сè повеќе разочарани од животот, работата, па дури и сексот? Најкраткиот одговор на ова прашање е: исчекувањето!

Загубената уметност на заведувањето: Зошто многумина се разочарани од сексот?

Кога не постои ментална стимулација, не постои ни сексуална

Сексот не започнува со допирање и бакнување, тој започнува со разговор. Тој започнува кога мозокот е стимулиран од страна на доволно силни зборови кои оставаат трага врз нашите сеќавања. Стимулирањето на умот ја стимулира и нашата сексуалност со поинтензивен и подолготраен жар отколку едноставното набљудување на деколте или цврсти стомачни мускули.

Каде што не постои тензија, не постои ни ослободување

Клучната состојка на жешкиот секс е насобирањето тензија. Не постои ништо посилно од тензија која е толку густа што буквално можете да ја почувствувате во воздухот околу вас. И сè што сакате во тој момент е да ја зграбите. Но, едноставно не можете. Па, што правите? Вие почнувате да копнеете по неа. Таа е постојано таму, држејќи се за вашите мисли во секој момент од денот. Токму затоа, по одредено време, кога конечно ќе можете да ја допрете со вашите прсти, ослободувањето е и повеќе од неверојатно.

Каде што не пости заведување, не постои ни задоволство

Сите ние сакаме да бидеме заведени. Крајната цел е вие да стигнете до момент каде што ќе ја распарите нејзината или неговата облека, но не без претходно да се потрудите. Покажете дел од вашата мистична сексуална моќ и потоа злобно повлечете се. Сите луѓе сакаат да бидат мачени кога станува збор за сексуални игри. Како кој било би можел да биде задоволен од нешто кое го добива премногу лесно? Тоа е исто како полека да отворате подарок. Не брзајте при одврзувањето на сатенските машни и внимателно отстранете ја светкавата украсна хартија, пред да го допрете вашиот неверојатен подарок.

Кога не постои посветеност, не постојат ни емоции

Со цел сексот да биде неверојатно стимулативен и несомнено возбудлив, мора да биде вклучена и одредена емоција. Оваа емоција не мора секогаш да биде љубовта. Постојат огромен спектар емоции кои можат да бидат канализирани во сексот, бидејќи мора да чувствувате барем нешто за време на односот со цел тој да биде задоволителен. Без разлика што ја разгорува вашата страст, започнувајќи од фрустрација надвор од контрола, пресилна среќа, возбудлива неодговорност, жешка расправија, па сè до класичното чувство на љубов, вие треба да ги искористите овие емоции во сексот со цел да уживате што е можно повеќе.

Каде што не постои преколнување, не постои ни задоволување

Во основата на одличниот секс се крие силната желба на одредена личност која е подготвена на преземањње драматични мерки за да ја оствари. Ниту една личност нема да биде доволно задоволна ако претходно не копнеела по вашиот допир. Луѓето не се сексуално возбудени сè додека не се исполнети со копнежи и тежнеење, како и со исклучителна страст, ниту пак ќе бидат задоволни од односот доколку претходно не „молат“ за вашиот допир.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар