Загрижувачки тренд: Како раскинуваат 80% од паровите денес?

Загрижувачки тренд: Како раскинуваат 80% од паровите денес?

Доколку некогаш сте сакале да раскинете со партнерот сигурно сте се обидувале да смислите што е можно побезболен начин за да го направите тоа. Вистината е дека не постои безболно раскинување, но сите знаеме кој е зрелиот начин за да се стори тоа. Искрениот разговор во четири очи е секогаш најдобрата опција без оглед на тоа колку тешко ви изгледа. Сепак, денешните генерации раскинуваат на сосема поинаков начин.

Загрижувачки тренд: Како раскинуваат 80% од паровите денес?

Имено, врските кои партнерите ги прекинуваат на регуларен начин, односно со караница, разговор, телефонски повик или кратка порака, денес се многу ретки. Наместо тоа, во денешно време еден од партнерите ненадејно исчезнува како дух. Добро прочитавте! Во еден момент ви се чини дека сѐ е во ред, среќни сте и врската тече најнормално и одеднаш… пуф! Партнерот исчезнува!

Го нема она вообичаеното „Извини, не е до тебе“ или какво било друго оправдување, туку еден од партнерите одлучува да ја заврши врската со тоа што ќе исчезне без трага и глас. Најновите истражувања покажале дека дури 80% од младите на возраст од 18 до 33 години биле оставени без никакво објаснување.

Дали овој нов тренд настанал како последица од зголемената употреба на социјалните мрежи или можеби од синдромот „FOMO“ (Fear Of Missing Out), односно стравот дека ќе пропуштат нешто, што е сѐ почеста појава кај младите? Или можеби современите луѓе сфатиле дека ова е најлесниот начин да побегнат од врската која не им одговара. Но, дали тоа е праведно и фер спрема другиот? Што мислите вие? Дали би раскинале на ваков начин?

И покрај тоа што прекинувањата на врските се болни, не е на одмет да се насмееме малку на оваа тема. Во тој контекст, прочитајте ги овие смешни начини на раскинување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар