Заедничкото позирање пред објективот открива многу за вас и вашиот партнер

Заедничкото позирање пред објективот открива многу за вас и вашиот партнер

Пораките што си ги испраќате еден со друг, датумите што ги планирате заедно, начинот на кој остварувате физички контакт – ова се само неколку фактори преку кои може да се дознае каква е вашата врска. Но, како што велат, една слика вреди илјада зборови. Експертите тврдат дека еден брз поглед кон позите што ги правите заедно кога се фотографирате, може да каже многу за вас. Позирањето, според нив, не само што ја истакнува природата и јачината на вашата врска, туку и потенцијално осветлува одредени моменти што ги криете.

Заедничкото позирање пред објективот открива многу за вас и вашиот партнер

Вашиот говор на телото нуди моќен увид во вашите мисли и емоции. Кога ќе замолите некого да ве фотографира немате многу време да размислите за вашата поза пред да се сликате. Тоа значи дека едноставно ќе се наместите во која и да е положба што е најзгодна за вас – а тие инстинктивни движења може да ги откријат вашите вистински чувства еден кон друг.

1. Доближени и насмеани

Д-р Гери Браун вели дека може да кажете дека парот е среќен и вљубен кога при сликањето саканите се потпираат еден на друг барем. Според него, тие понекогаш дури и гледаат еден во друг и се насмевнуваат кога се сликаат.

Различни делови од вашето тело може да откријат различни нешта. Според Трејси Браун, еден од очигледните елементи е колку позитивно сте расположени вие и вашиот партнер. Ако рацете или торзата ви се доближени без меѓусебен простор, тоа дефинитивно може да укаже на силно чувство на интимност, за разлика од случаите кога телата се раздалечени. Друга работа на која треба да ѝ се обрати внимание е дали вашите рамена се свртени едно кон друго, бидејќи ова може да укаже на тоа дека двајцата си посветувате целосно внимание.

2. Сакате да заминете

Заедничкото позирање пред објективот открива многу за вас и вашиот партнер

Пети Вуд, експерт за говор на телото, вели дека начинот на кој ги насочувате стапалата, укажува на тоа каде сакате да бидете. Според Вуд, ако стапалата на едниот или на двајцата партнери се насочени настрана, тогаш тие сакаат да си заминат. Меѓутоа, ако само едниот партнер е наместен навнатре, а другиот се насочува надворешно со своето тело, лице и стапала, тоа може да биде алармантно.

Важно е да се спомне дека постои разлика помеѓу позата што ја правите кога случајно ќе побарате од некој пријател да ве фотографира и онаа што ја правите за време на снимањето од професионален фотограф. Вуд објаснува дека кога позата е внимателно избрана, таа зборува многу повеќе за тоа како сакате да изгледате заедно. Бидејќи позата е испланирана, за разлика од инстинктивните пози, таа нуди увид во начинот на кој парот сака да се претстави пред светот, што може да даде лажна претстава за тоа какви сте навистина заедно.

3. Се држите за раце

Заедничкото позирање пред објективот открива многу за вас и вашиот партнер

Вообичаено е паровите да се држат за рака на фотографиите. Според експертите тоа може да открие многу за динамиката на една врска. Исто така, поставувањето на рацете може да укаже на тоа кое лице ја контролира или сака да ја контролира врската. Ако сакате да го увидите тоа забележете чија рака е од горната, а чија од долната страна.

4. Вашата рака е врз стомакот или градите на саканиот

Заедничкото позирање пред објективот открива многу за вас и вашиот партнер

Друга популарна поза е едниот партнер да ја постави раката на градите или на стомакот на другиот. Вуд објаснува дека ова може да биде само практичен начин на кој едниот од партнерите посакува да остане физички поврзан и да изрази љубов. Но, таа забележува дека понекогаш може да биде и начин да се каже „тој/таа е мој“ затоа што раката формира бариера помеѓу партнерот и другите луѓе. За да направи разлика помеѓу двете можности, Вуд често барала суптилности во начинот на држење на раката. На пример, ако раката олабавено стои на стомакот, помала е веројатноста да укаже на посесивност, отколку раката што е цврсто притисната.

5. Го држите саканиот околу половината

Заедничкото позирање пред објективот открива многу за вас и вашиот партнер

Но, што е со раката околу долниот дел на грбот? Експертите се согласуваат дека позата со така поставената рака може да значи повеќе работи. Позата може да има позитивна или негативна конотација во зависност од контекстот, тврдат експертите. Вуд вели дека таа поза може да укаже на желба на партнерот да му помогне и да го води саканиот или да покаже дека партнерот сака да го контролира саканиот.

6. Застанати сте пред партнерот

Заедничкото позирање пред објективот открива многу за вас и вашиот партнер

Кога едниот партнер стои пред другиот, експертите се согласуваат дека најдобриот начин за толкување на таа поза е преку согледување на нијансите. Ако партнерот што е напред се потпира наназад, тоа може да укаже на тоа дека тој бара заштита. Или, ако е напред и е централно поставен, тоа може да зборува за неговиот глад за внимание.

Додека ги разгледувате вашите фотографии од минатото, забележете што тие откриваат. Но, што и да правите, не дозволувајте тоа да ве натера да започнете да се опседнувате со начинот на кој позирате. На крајот на краиштата, вашата поза искрено зборува за вашата врска, затоа немојте намерно да се местите кога се фотографирате. Начинот на кој вие природно реагирате е далеку позначаен од секоја поза што би можеле да ја испланирате.

Би можеле да прочитате и за љубовта ширум светот изразена преку моќни фотографии од заљубени парови на прекрасни дестинации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар