Заеднички живот без венчаница: Зошто некои парови се одлучуваат исклучиво на тоа? - Part 2

Заеднички живот без венчаница: Зошто некои парови се одлучуваат исклучиво на тоа?

Заеднички живот без венчаница: Зошто некои парови се одлучуваат исклучиво на тоа?

Предности и недостатоци

Дали станува збор за тренд и кои се предностите и недостатоците на ова партнерство?

Психолозите потсетуваат дека бракот е сложен концепт кој е подложен на постојани промени, дека и порано имало парови кои живееле во вонбрачни заедници, но дека сега ги има многу повеќе. Подемот на „невенчаните бракови“ е предизвикан од промена на вербата во врска со бракот, родовите улоги и религијата. На прашањето кој инсистира на тоа, мажот или жената, психолозите тврдат дека подеднаков е изборот и на двата пола. Иако, живеењето заедно без потпис не секогаш претставува избор на двајцата партнери. Понекогаш тоа е наметнато решение на еден од нив. Дали лицето за кое ова не е идеално решение се чувствува инфериорно и деградирано?

Да, според психолозите може да се случи и тоа ако некој од брачните партнери се однесува како бракот да е потполно доброволен чин од кој може да излезе во секое време, избегнувајќи ги обврските и правењето отстапки. Или ако некое лице се согласи да живее во невенчан брак, а всушност не го сака тоа, тогаш тој или таа, исто така, може да се чувствува загрозено и деградирано.

Дали живеењето во заедница што не е официјално регулирана со закон им дава поголема слобода на невенчаните сопружници, а со тоа и помало чувство на воздржаност и организираност?

Ваквата можност им дава поголема слобода на луѓето кои не се подготвени да се вклучат во ваков вид блискост и имаат страв од емоционално приврзување. За нив, стапувањето во брак може да биде закана на психолошко ниво. Меѓутоа, луѓето кои  со години или децении живеат невенчано а притоа се среќни не припаѓаат на оваа група.

Зошто претходно, бракот се сметаше за круна на љубовта, а денес претставува круната на емотивниот однос? Психолозите велат дека премногу значење му се дава на самиот чин на венчавање и формалниот аспект на бракот, така што луѓето не сфаќаат дека сè што се случува пред и по „потпишувањето на документот“ има многу поголема вредност и одредува каков ќе биде бракот.

Крунисувањето на емотивната врска денес претставува развој на партнерството во брачна врска, па партнерите се прашуваат: „Дали може да бидам искрен со тебе, да се развивам и да бидам таков каков што сум?“, „Дали ќе ми помогнеш да ги надминам моите несигурности и да работам во корист на мојата благосостојба?“.

Понекогаш се прашуваме дали има други мотиви зад тоа, и дали таквиот однос во некои ситуации го „регулираат“ парите, или партнерот кој заработува повеќе? Притоа со тоа го диктира и дефинира начинот на функционирање на животот на партнерот.

Мотивот за избегнување на официјализирање на бракот може да биде претходно брачно искуство и развод, што предизвикува лицето да се ослободи од романтичните идеи за бракот и да добие пореална слика за него. Значи, луѓето кои сфатиле дека бракот сам по себе не носи нови елементи и дека е можно да доживеете љубов или разочарување во врската што ја крунисувате со брак, може да го избегнат тоа. Или, ако родителите на некоја личност имале лош брак, тоа прави таа да се плаши од блискост и од врска.

Присилниот (законски) аспект на бракот од страна на некои луѓе се доживува како заробеност, поради што сакаат да ја задржат можноста за безбеден и едноставен излез од врската ако се чувствуваат загрозено во одреден момент. Парите, исто така, ја регулираат врска во бракот во кој луѓето стапуваат. Партнерот што заработува повеќе има поголема моќ во смисла та тоа дека може да уценува во случаи кога парите играат улога, како развод или старателство над децата.

Можеби сакате да ги прочитате и 5-те вообичаени правила во бракот кои често и лесно се прекршуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар