Задоволни сте со вашиот статус сингл, но што ако вистинскиот тропа на вратата?
Конечно го откривте она блаженство кога не се грижите што мислат другите за вас, кога не ви треба никој. Опцијата „среќна со статус сингл“ не постои на Фејсбук, но токму таа би ја опишала вашата моментална состојба. Имате искусено сè, зад вас се многубројни љубовни успеси и падови, мирни води и бродоломи и сега конечно се чувствувате како господар на својот живот. Не ви е потребен маж за да се чувствувате исполнето, сакано и нормално. Ја имате работата од соништата, пријатели кои ве сакаат, многубројни интереси кои никој не ви ги насочува и ограничува. Ја откривте внатрешната слобода без ниту една точка на болка и незадоволство.
Но, тогаш ќе се појави оној кој можеби е Вистинскиот и наместо тој да ја комплетира вашата среќа, вие загрижено се прашувате каде бил тој досега? Што ќе правите со него? Се појави сега кога конечно сте задоволни со вашиот живот.
Тоа што досега сте го сакале, сега станува предизвик на кој не сте спремни да одговорите. Зошто сега? Зошто кога сите коцки се на своето место, сега кога се чувствувате добро и не сакате да се менувате? Па, одговорот е прост.
Затоа што сега кога сте воспоставиле стабилна, длабока и трајна врска со самите себе, спремни сте да го направите тоа и со некој друг. Таа личност е привлечена од вашите среќни бранови. Сите претходни кои ве повредувале и за кои сте страдале биле привлечени од ниските фреквенции на вашата потреба.
Ви беше потребно да сакате безнадежно, да го искусите романтичниот занес од романите, да ги откриете вашите капацитети за комплетно да се предадете некому и одеднаш дојде некој во кој се заљубивте и темелно го разниша вашиот балансиран живот кој тотогаш успешно го одржувавте. Потоа ви требаше некој кој ќе ве утеши и ќе се грижи за вас, некој кој ќе ве разбуди како жена и некој што ќе ви пружи прилика да проверите дали сè уште сте спремни за љубовен занес и лудило. Па се појавија многу мажи кои прецизно ги одбиравте според вашите потреби. Тие беа мрачни, себични, деструктивни, само за авантура и женкари. Но, веднаш штом потребата ќе се исполни, врската прекинува. И сами знаевте, не може да имате „нормана“ врска со „ненормален“ партнер.
Ете затоа, сега кога немате потреба, конечно се појави некој кој е во состојба да ви го подобри животот. Но, вие се предомислувате дали да го пуштите во својот живот. Тоа е поради тоа што вашето искуство ви вели дека врзувањето е болно и напорно.
Треба да запознаете некој нов, да се навикнете на него и да се зближите, да му дозволите да ви стане важен, да ги развиете вашите чувства за него, да се отворите и да станете ранливи. Но, не сте сигурни дали го сакате тоа. Започнувате да се чувствувате несигурно. Бидејќи ако ја пропуштите шансата која ви се нуди, можеби ќе станете самозадоволна девојка чие чувство за нормала полека се искривува додека истовремено запаѓате во илузијата дека сте во предност со вашиот сингл статус. Има многу нешта кои се удобни и лесни кога си сама, но дали тие не треба да се жртвуваат за нешто што може да биде поубаво?
Но, ако дојдете до таму, одговорите сами ќе се наметнат, а предизвиците кои ја нарушуваат вашата удобност, ќе ви станат авантура која ќе ја живеете среќни и исполнети до крајот на животот.