Задолжителни летни модни парчиња
Го планирате годишниот одмор, секое слободно време го поминувате на кафе со пријателките, а на вашата летна гардероба од минатата година очајно ù е потребно освежување. Без разлика со колкав буџет располагате и колку нови парчиња можете да си дозволите, избирајќи ги вистинските, секогаш можете да изгледате свежо и различно. Еве неколку предлози за универзални модни парчиња кои ќе го направат вашиот изглед апсолутно летен:
1. Сламена торба
Има ли нешто посоодветно за лето од сламена торба. Лесна, со земјен ефект и за опуштен изглед, оваа торба можете да ја носите додека шетате низ кафулињата во вашиот град или пак за на плажа.
2. Нешто неонско
Додадете неонски парчиња облека и модни додатоци во вашата гардероба ова лето. Изберете си ја омилената боја и освежете го вашиот вообичаен избор за бои на гардероба.
Најбезбедно е ваквите парчиња да се комбинираат со неутрални бои. Еве неколку примери:
3. Голем шешир за заштита од сонце
Овој моден додаток е особено хит оваа година. Поволното е што одлично изгледа и има заштитна функција. Носете го со вашиот костим за капење и со омилениот пар сандали додека одите на плажа. Изберете модел кој најмногу ќе ви се допадне и ќе ви одговара.
4. Шорцеви во сите бои
Зафрлете ги фармерките подалеку во вашиот плакар и носете што повеќе шорцеви, и тоа во различни бои. Која и да е вашата омилена боја, сигурно ќе можете да си изберете некои. Комбинирајте ги со облека на која ù треба освежување со друга боја или пак за да го создадете оној модерен шик изглед на комбинирање парчиња во бои.
5. Долг фустан
Овие долги лелеави фустани се носат веќе неколку сезони, па ако си немате купено досега, крајно време е сега да го направите тоа. Овие фустани се лесни за навлекување на себе, па се добри за во секое време, кога брзате и не знаете што да облечете или пак за да го покриете костимот за капење враќајќи се од плажа. Ваквите фустани создаваат боемски изглед и се добра алтернатива за типичните летни фустанчиња.
6. Еспадрили
Еспадрилите се секогаш добар избор за во лето, но оваа година боите, шарите и стиловите овозможуваат секој да си го пронајде својот вкус. Без разлика дали сакате рамни, тантелени или шпицести, сигурно ќе најдете нешто по вкус.
Дали оваа година веќе си купивте некое од овие летни парчиња? Со што би го надградиле вашиот летен имиџ?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Ima nekoj videno niz Skopje kako tie crvenite espadrili ? 🙂
kako sto gledam vo skopje kaj nas vakvi espadrili kako crvenite nema nikade kaj nas… aj ke ve molam ako ima nekoja prodavnica tuka kaj nas vo skopje ili niz centarot na skopje kade se prodavaat vakvi espadrili … unapred blagodaram pozz