Задоцнивте со вежбање? Овие 7 трикови ќе ви помогнат да добиете рамен стомак

Задоцнивте со вежбање? Овие 7 трикови ќе ви помогнат да добиете рамен стомак

Без разлика дали редовно се препотуваат во салата за вежбање или имаат строг режим на исхрана со недели пред да го облечат костимот за капење, многу голем број жени имаат проблеми со науденост на стомакот. Ослободувањето од надуеноста се крие во неколку експресни решенија кои како игли ќе го дупнат балонот и ќе ви го израмнат стомакот. Во продолжение прочитајте кои се тие…

Задоцнивте со вежбање? Овие 7 трикови ќе ви помогнат да добиете рамен стомак

1. Купка од горка сол

Најпопуларната примена на горката сол е како состојка во солените купки. Додајте две шолји со околу 400 грама горка сол во бањата полна со топла вода и веднаш ќе се опуштите, а оваа купка го поттикнува и потењето, што е одличен начин за ослободување од вишокот течности, токсини и целулит од телото.

2. Намалете ги порциите зеленчук

Познато е дека солената храна и газираните пијалаци предизвикуваат надуеност, но причините за надуен стомак се кријат и помеѓу здравите прехранбени производи. Брокулите, карфиолот и кељот изобилуваат со влакна и поради тоа го дујат стомакот, што секако не значи дека треба целосно да се откажете од нив, туку само да ја намалите порцијата.

3. Омлет од белки

Пред да отидете на плажа изедете омлет од белки кој делува како диуретик. На тој начин ќе ја добиете потребната количина на протеини, која ќе ве засити и нема да почувствувате глад во текот на целиот ден поминат на плажа.

4. Одбегнувајте газирани пијалаци

Одбегнувајте сѐ што содржи јаглерод диоксид, како што се газираните пијалаци, бидејќи тие се најголемите виновници за појавата на гасови. Во текот на летните денови можете да се освежите и на многу други начини со поздрави пијалаци како што се ледениот чај и витаминските води.

Задоцнивте со вежбање? Овие 7 трикови ќе ви помогнат да добиете рамен стомак

5. Побавно голтајте ја храната и пијалаците

Брзото консумирање на храната и пијалаците предизвикува внесување на преголема количина на воздух што доведува до надуеност. За да го спречите тоа, јадете го оброкот во мирно опкружување и придржувајте се кон малите залаци и бавното жвакање. Се препорачува по оброкот да поминете барем 5 минути во движење, кое ќе ја поттикне разработката на храната.

6. Одбегнувајте го овошјето како десерт

Овошјето наместо парчето чоколадо е дефинитивно поздрав избор за телото, но ефектот кој овошјето може да го предизвика по главниот оброк не е ни малку привлечен. Имено, овошјето со молскавична брзина поминува низ дигестивниот систем поради тоа што содржи вода и едноставни шеќери, па доколку го изедете по некоја потешка храна, потребни ќе бидат со часови за да се преработи. Овошјето останува заглавено во стомакот и по некое време започнува процесот на ферментација, што доведува до надуеност. Овошјето консумирајте го на празен желудник или како прв дневен оброк веднаш штом се разбудите, за да помине брзо низ дигестивниот систем и да ви ја даде максималната количина на витамини.

7. Житарки омекнати во вода

Житарките како киноа, ленено семе и јаткастите плодови се извор на протеини, влакна и голем број витамини. Но, неправилната подготовка на овие прехранбени производи може да доведе до непријатна надуеност. Имено, телото тешко ги преработува поради фитинската киселина со која се обложени, а која ја блокира работата на ензимите значајни за варењето на храната. Здравите производи ќе ги прилагодите за потребите на телото доколку ги потопите во вода преку ноќ со малку лимунов сок или јаболков оцет. На тој начин ќе ја отстраните фитинската киселина и ензимите ќе станат подостапни, а во телото ќе се испуштат повеќе хранливи состојки и храната ќе стане лесно сварлива.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар