Зацврстете ги вашите гради со маслиново масло

Зацврстете ги вашите гради со маслиново масло

Свиснувањето на градите е природен процес кој се случува со текот на годините, па така, како што старее жената, нејзините гради ја губат цврстината и еластичноста. Но, покрај годините, постојат и други фактори кои влијаат на нивното свиснување, како на пример брзо слабеење, брзо дебелеење, лоша исхрана, прекумерна употреба на алкохол и цигари, доење, носење погрешен градник и слично.

Со оваа состојка која ја имате во вашата кујна, можете да ги зацврстите вашите гради

Постојат многу вежби за цврсти гради кои би можеле да ги практикувате, како и разни креми и лосиони што го гарантираат нивното зацврстување. Но, истото можете да го постигнете и со една состојка која веќе ја имате во вашиот дом – таа може да ви помогне да имате цврсти и подигнати гради. Со оглед на тоа дека во нив не постојат мускули, туку тие се состојат од масно ткиво и млечни жлезди, потребна им е квалитетна нега со цел што подолго да останат цврсти. Всушност, станува збор за маслиновото масло што најверојатно веќе го имате во вашата кујна, но досега не сте го користеле за оваа намена.

Масажата на градите со маслиново масло е одлична домашна техника за нивно зајакнување, со оглед на тоа дека маслото е богато со антиоксиданси и масни киселини кои може да ја отстранат штетата и да го спречат понатамошното свиснување. Сѐ што треба е да ставите малку маслиново масло на дланките и да триете додека не го загреете. Масирајте ги градите со кружни движења, околу 15 минути, за да ја подобрите циркулацијата и да ја стимулирате регенерацијата на клетките. За максимални резултати, применувајте ја оваа техника од 4 до 5 пати неделно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар