Зачувајте ги омилените џемпери: Како да ги перете без да ги оштетите?
Едно од омилените дневни парчиња во зимскиот период е дефинитивно џемперот, кој често го комбинираме со сите останати парчиња. Баш поради тоа што често го носиме, ова дневно парче треба внимателно да го переме, за подоцна да не дојде до ситуација каде што нема да можеме да го носиме, бидејќи изгледа премногу растегнато. Затоа денес ви даваме неколку совети кои ќе ви помогнат да го исперете вашиот омилен џемпер, така што нема да го оштетите.
1. Превртете го џемперот наопаку
Станува збор за првиот и клучен чекор во перењето на џемперот, бидејќи на тој начин ќе спречите детергентот директно да го загрози и да го оштети.
2. Наполнете го леѓенот со вода и сапун
После доброто миење на леѓенот во кој ќе го перете џемперот, наполнете го со ладна вода и во него ставете сапун. Многу е важно да не претерувате со сапунот, бидејќи последиците од ваквото перење би ги забележале подоцна. Можеби е најдобро тоа да биде сапун или шампон со мирис на лаванда.
3. Оставете го потопен
Оставете го вашиот џемпер да постои во водата од 5 до 10 минути, но благо протривајте го на секои неколку минути.
4. Исперете ја сапуницата од џемперот
После оставањето на џемперот во водата околу 10 минути, испразнете го леѓенот, исплакнете го, потоа наполнете го со ладна вода и измијте го џемперот, така што ќе ја отстраните целата сапуница од него. Со оглед на тоа дека вашиот џемпер ќе биде полн со вода, немојте да се колебате да го исцедите со раце, но не правете го тоа премногу агресивно, бидејќи можете прилично да го оштетите.
5. Ставете го џемперот да се исуши
Оставете го џемперот наопаку, а потоа ставете го во сушалната, но така што таа да биде наместена на најмалата брзина и да не биде премногу топла. Никако немојте да го сушите џемперот на полна брзина, бидејќи ќе го оштетите, туку повеќе настојувајте да биде потполно сув, а неоштетен.
6. Оставете го додатно да се исуши
Баш како првиот, така и последниот чекор во перењето на џемперот е клучен. Значи, никогаш не сушете го џемперот закачувајќи го на жица, туку така што ќе ставите пешкир на подот, а потоа ќе го ставите џемперот врз него за така да се исуши. Доколку сте во брзање, џемперот можете да го исушите со помош на фен за коса дувајќи неколку минути, а потоа да поминете врз него со ладна пегла, за влакненцата и кончињата да се смират.