Заборавете на виртуелните средби - ова се 5 причини да одите на вистински љубовни состаноци

Заборавете на виртуелните средби – ова се 5 причини да одите на вистински љубовни состаноци

Технологијата целосно го презема нашиот професионален и приватен живот, а тоа значи и дека почна да се меша во нашиот љубовен живот. И покрај тоа што голем дел од луѓето мислат дека таа ги олеснува состаноците и потрагата по партнер, сепак има и негативни страни кои уште повеќе го отежнуваат овој проблем. Погледнете ги следниве 5 причини зошто треба конечно да излезете од вашата удобна зона и да почнете повеќе да одите на вистински љубовни состаноци.

1. Можете за само неколку часа да одлучите дали ви се допаѓа личноста или не

(1) Заборавете на виртуелните средби - ова се 5 причини да одите на вистински љубовни состаноци

Доколку се запознавате со некого онлајн, преку социјални мрежи, ќе ви бидат потребни многу разговори за да одлучите дали сте заинтересирани и дали оваа личност е онаа која на прв поглед ви изгледа дека е. Можеби пораките се интересни некое време, но има големи шанси по неколку недели да сфатите дека сте го трошеле вашето време за џабе и дека едноставно меѓу вас нема хемија. На љубовен состанок, лице в лице, вие веднаш ќе почувствувате дали има некаков вид привлекување меѓу вас и од тоа ќе знаете дали вреди да продолжите да се гледате со оваа личност или не.

2. На љубовните состаноци веднаш се забележуваат оние нешта кои би можеле да ја расипат работата

(2) Заборавете на виртуелните средби - ова се 5 причини да одите на вистински љубовни состаноци

Во вистинскиот свет, постојат мали и суптилни ситуации преку кој човекот си го покажува вистинското лице. Тие се забележуваат преку начинот на кој тие се однесуваат кон келнерот, начинот на кој ве слушаат или едноставно колку често го проверуваат својот мобилен телефон. Овие нешта не можете да ги забележите преку виртуелен состанок. Без разлика колку разговарате, пораките никогаш нема да ви кажат дали личноста со која разговарате е џентлмен или дама.

3. Многу е лесно виртуелно да се осудува, па токму тоа може да ги ограничи потенцијално одличните луѓе

(3) Заборавете на виртуелните средби - ова се 5 причини да одите на вистински љубовни состаноци

Една од најголемите дебати против класичниот состанок е дека води до осудувања на однесувањето. Што ако ви се заглави спанаќ помеѓу забите и тој повеќе никогаш не ви се јави? Или пак, што ако зборувате премногу време за вашата мајка, па таа помисли дека сте мамин син? Но, ако размислувате реално, виртуелната комуникација многу повеќе осудува. Колку пати сте погледнале нечија профил фотографија на социјалните мрежи и веднаш сте одлучиле дека таа личност едноставно не е за вас? Или пак, колку често судите врз основа на тоа колку време му е некому потребно да ви одговори на самата порака?

Одењето на традиционални состаноци ја намалува можноста за овие виртуелни осудувања без основа. Во живо, вие ќе имате можност да го проучите целокупното однесување на личноста со која сте на состанок и ќе можете веднаш да забележите дали тој/таа одговара на вас или не. И сè тоа ќе го направите од начинот на кој се однесува, а не од начинот на кој изгледа на својата профил фотографија, што реално е многу повалидна опсервација.

4. Приморани сте да го спуштите вашиот гард

(4) Заборавете на виртуелните средби - ова се 5 причини да одите на вистински љубовни состаноци

Многу е лесно да ви биде удобно кога се криете зад екран. Технологијата служи како одбранбен механизам кој ги одржува потенцијалните љубовни интереси на одредена оддалеченост од вас, па токму тоа може да влијае и негативно врз вашиот љубовен живот. Многу е важно да запомните дека без разлика дали барате забава или сериозна врска, вие ќе мора еден ден да ја напуштите удобната зона. Класичните љубовни состаноци ве тераат да го спуштите ѕидот околу вас (или едноставно да го спуштите мобилниот) и да се изложите на сите опасности кои доаѓаат со потрагата по партнер. Но, доколку работите излезат добро, вие ќе ги искусите и сите позитивни страни во потрагата по вашиот нов партнер.

5. Љубовните состаноци се забавни

(5) Заборавете на виртуелните средби - ова се 5 причини да одите на вистински љубовни состаноци

Луѓето изгледа заборавиле колку забавни можат да бидат љубовните состаноци. Да, тие понекогаш ќе бидат и извор на нервоза и ќе ве постават во непријатни ситуации, но воглавно се интересни и можат да доведат до приказни кои ќе ги раскажувате до крајот на вашиот живот. Никогаш не можете да знаете ако не се обидете, се согласувате?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар