Заборавeте на виножитото: Ова е најновата техника за бојадисување на косата!
Фризерите очигледно не остануваат без инспирација! Од седата коса, па сè до прамените во боите на виножитото и сите можни омбре и бронде техники на бојадисување, сега на ред дојде новиот тренд – ОПАЛ!
Опал е најактуелната техника на бојадисување на косата која името го добила по истоимениот скапоцен камен, кој претставува спој на бисерна и светло розова боја, а се прелеваат и сина, зелена и виолетова нијанса. Оваа боја на коса претставува посмирена верзија на сите трендови кои беа актуелни во изминатиот период.
Фризерката Аура Фрајдмен од фризерскиот салон „Sally Hershbergers Downtow“ ни открива како се применува оваа техника на бојадисување:
„Најпрво косата се осветлува за да ја постигне таа бисерно-сива боја, а потоа се додаваат слоеви во розова и сина нијанса кои се мешаат и преливаат по косата. Резултатот е фантастичен!“
Оваа фризура е посебно интересна за дамите кои веќе се одлучиле за седа коса, бидејќи е одличен начин за да ја освежат.