Заборавете на стресот така што ќе си помогнете со црн чај, јогурт, чоколада...

Заборавете на стресот така што ќе си помогнете со црн чај, јогурт, чоколада…

Кортизолот е хормон кој во телото зголемено се лачи при стресни ситуации. Кога неговото ниво е високо, доаѓа до лошо расположение и покачување на гликозата во крвта, а со тоа доаѓаат и други нарушувања во организмот. За среќа, сето ова можеме да го средиме и со помош на храна и течности.

Заборавете на стресот, помогнете си со црн чај, јогурт, чоколада...

Пред сè, никогаш не смееме да си дозволиме да бидеме предолго време жедни и секогаш треба да имаме вода со себе. Дехидрираното тело не е способно правилно да функционира, а често можеме да почувствуваме главоболка и умор кога немаме доволно течности.

Одличен сојузник против стресот е и црното чоколадо. Тоа делува како природен антидепресив и го намалува нивото на кортизолот благодарение на флавоноидите кои ги има во какаото. Сличен ефект има и црниот чај кој освен што го регулира хормонот на стресот, на телото му дава и дополнителна енергија.

Заборавете на стресот, помогнете си со црн чај, јогурт, чоколада...

Витаминот Ц е исто така одличен за регулирање на стрес-хормонот во телото, а благодарение на антиоксидансните својства, се бори и против слободните радикали. Природни извори на витаминот Ц се цитрусните овошја, папајата, ананасот, јагодите, пиперката, доматите и брокулата.

Во целосната исхрана секогаш треба да биде вклучена и пробиотска храна како што се јогуртот и киселата зелка, но и продукти со низок гликемиски индекс, како јајцата, рибата, месото и зеленчукот. Оброците треба да бидат распоредени на секои 4-5 часа во текот на денот, а заедно со предложените намирници треба да се комбинираат и житариците во умерена количина, а не треба да се заборават ниту здравите масла.

Заборавете на стресот, помогнете си со црн чај, јогурт, чоколада...

Темното чоколадо го регулира стресот и делува позитивно на кардиоваскуларниот систем. Чаевите релаксираат и го намалуваат стресот, а цитрусите помагаат во одржување на имунитетот, кој може да биде нарушен поради стрес. Индиските ореви се преполни со цинк и незаситени масти, а ѓумбирот го смирува дигестивниот систем, чија работа лесно може да биде нарушена поради стресот.

Една чашка црно вино на ден помага во борбата против стресот, но оваа количина не смее да се надминува. Јогуртот е богат со пробиотици и калциум и поради тоа е одличен избор за регулирање на кортизолот и нарушениот имунитет.

Дознајте и дали стресот навистина влијае врз плодноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар