Заборавете на очилата: Со помош на овие методи можете самите да го подобрите вашиот вид

Заборавете на очилата: Со помош на овие методи можете самите да го подобрите вашиот вид

Сигурно сите добро знаете дека доколку не користите одредени мускули подолго време, тие ќе станат послаби. На пример, доколку си ја повредите ногата и долго време седите во инвалидска количка, вие ќе почнете да ја губите мускулната маса на нозете. Истата приказна важи и за мускулите кои го опколуваат окото.

Заборавете на очилата: Со помош на овие методи можете самите да го подобрите вашиот вид

Доколку носите очила и не правите вежби за очи, вашиот вид постепено ќе ослабува. Очните мускули, како и сите останати на телото, имаат потреба од активност. Па, доколку се придружувате до следниве неколку правила, брзо ќе забележите дека вашиот вид постепено ќе се подобрува…

1. Избегнувајте силен притисок на очите и на секои 2 до 3 часа затворајте ги на неколку минути.

2. Неопходно е секојдневно да правите „гимнастика“ за очи која е составена од следниве 16 вежби. Со очите пратете ги овие линии:

(2) Заборавете на очилата: Со помош на овие методи можете самите да го подобрите вашиот вид

3. Целосно откажете се од вашите очила.

4. Правете секојдневни масажи на следниве точки од вашето лице. Со врвовите од средниот прст и показалецот, лесно притискајте ги очните јаболкници 8 пати. Правете го тоа така што масажата нема да ви предизвика непријатни чувства. Потоа, со врвовите од показалецот притиснете ги сите овие точки по 2 пати…

(3) Заборавете на очилата: Со помош на овие методи можете самите да го подобрите вашиот вид

5. Неопходно е за време на прошетките почесто да гледате во далечина.

6. Секогаш пијте сок од моркови со неколку капки маслиново масло.

7. Мијте ги очите со топла вода.

8. Не гледајте во монитор 2 часа пред да легнете да спиете.

9. Правете ја индиската вежба Тратака за подобрување на вашиот вид. Станува збор за еден вид медитација преку која го насочувате вашиот поглед кон една точка (мал објект, светло од свеќа или црна точка) со цел да го развиете фокусот, да го зајакнете видот и да го стимулирате „третото око“ кое се нарекува Тратака.

Во првата фаза, фокусирајте се на еден симбол или објект и без престан гледајте во него. Додека го правите тоа обрнете внимание на сите ваши емоции и мисли, отпуштајќи ги полека со цел да го прочистите вашиот ум и да се насочите целосно кон симболот. Кога вашите очи ќе почнат да солзат, затворете ги и одморете. Целта на вежбата е да издржите што подолго пред тие да почнат да ви солзат. Во втората фаза треба да се фокусирате на светлината од свеќа. За повеќе информации, постојат неколку книги со детални упатства за овие вежби кои можете лесно да ги најдете онлајн.

10. Избегнувајте тежок физички напор и стрес

Оваа метода може да им помогне на многумина и не само за подобрување на видот туку и за целосно поправање на нарушениот вид. Не губете време и не занемарувајте го вашиот проблем. Почнете го процесот веднаш со цел што побрзо да ги видите резултатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Васко Reply

    По колку пати да се повторуваат вежбите ?

    • Моника Трајковска Reply

      Нема правило, но важно е да се прават секојдневно

Остави коментар