Претходно
Заборавете на ботокс: Маска за лице што ја „пегла“ кожата
Со помош на природни, но евтини состојки, можете да имате мека и мазна кожа – исто како во тинејџерските денови
Потребни состојки:
- 100 милилитри вода
- 1 лажица безмасна кисела павлака
- 1 лажица пченкарен скроб
- 5 лажици свежо исцеден сок од моркови
Начин на подготовка:
Во еден сад сипете 100 милилитри вода и додајте го пченкарниот скроб. Потоа, на среден оган, варете сè додека смесата не стане густа, а водата не се намали. Мешајте во текот на целиот процес. Кога ќе се свари, тргнете го садот настрана и почекајте смесата да се олади. Потоа додајте го сокот од моркови и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
Со цел кожата што подобро да ја прими маската, добро измијте го лицето пред нанесување. Оставете ја маската да отстои 30-тина минути и пота исперете ја со топла вода.
Напомена: За најдобри резултати, нанесувајте ја оваа маска 3 до 5 пати неделно.